Се огласи Васил, синот на Зафир Хаџиманов – се прости од татко му на преемотивен начин

0

Вирусот денес однесе уште еден голем уметник. Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор, си замина од овој свет на 77 годишна возраст.

Зафир беше многу почитуван поет и текстописец. Има напишано многу шансони и балади базирани на стиховите на српските и македонските поети. Се бореше за зачувување и популаризација на старите македонски народни песни.

Тој исто така компонираше музика за театар, филм и ТВ серии и емисии. Долги години беше во брак со пејачката Сенка Велетанлиќ, а нивниот син Васил исто така успешно се занимава со музика.

Настапувал на сцени ширум светот, на Бољшој театарот, Олимпија Во Париз… Паралелно со неговото сценско и музичко дело, Зафир Хаџиманов пишува и објавува поезија на српски и македонски јазик.

Тој беше автор на текстовите, стиховите и музиката на првиот македонски мјузикл „Здраво будење“. Владата на Македонија му додели титула амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

Зафир Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да пишува музика и да игра во театар.

Во 1967 година дипломирал глума на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите, тој настапувал како пејач на популарна музика и ги има снимен своите први две плочи, на кои е автор и на текстовите.

Синот Васил, на својот Фејсбук профил се прости од својот татко:

Татко ми Зафир почи-на денес. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа стра -шна бол-ест.

Зад себе остави вистинско богатство, од песни што толку маестрално ги пееше, преку неговите бројни и разновидни композиции, книги со поезија и проза, сè до ненадминливите улоги во театарот и филмот.

Но, пред и над сето тоа, тој секогаш несебично ја даваше својата огромна љубов, внимание и поддршка на своето семејство и најблиските.

Сенка и тој беа еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори. Ненадминати!

Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде и да застане на нозе во секоја ситуација, енергијата секогаш да прави се што прави со целото свое битие, и додека прави сè во исто време за да биде врвен шмекер … тоа мора да се памети! Да се памети и да се почитува!

Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш! Ви благодарам на сите за зборовите на поддршка.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтксрин

Претходна статијаЗафир Хаџиманов својот син Васил секогаш го испраќаше на пат со овие зборови, а по една случка
Следна статијаСе огласи бившиот на Цеца и раскажа за љубовта со неа