Коце Трајановски: Кога ме избркаа од работа бев под кирија со бремена жена

0

Поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски долго време се нема појавено во јавноста. Тој беше гостин во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни приказни.

-Јас сум добар, благодарам, при оваа пандемија, добро се снаоѓаме. Мерките ги почитуваме. Сега имам ден друг ритам. Партиски сум многу активен.

И нормално, она што го запоставив, додека бев пратеник и градоначалник, го запоставив семејството, и многу помалку внимание обрнував на семејството, така да сега, во овој период, се трудам да бидам колку што можам повеќе со семејството и се трудам да го надополнам она што го изгубив“,откри Трајановски.

Потоа тој зборуваше за своето детсво во скопската населба Илинден и за своето семејство.„Ние сме пет деца, троца браќа и две сестри.Татко ми по-чина многу млад, на 36 години, растевме со мајка и со дедо ми, така што имавме еден добар социјален живот“, рече тој.

Трајановски истакна дека му е жал што сега има се поретко многудетни семејтва, и приказната ја надополни за неговото средно училиште Панче Арсовски и Машинскиот факултет, магистратурата, и работата во МЗТ, каде што работел во организација и во компјутерски центар.

-Јас имам околу педестина курсеви, во Словенија, во Радовница, блиску до Крањ. Тоа е еден центар за образование на кадри од областа на компјутерите и центарот е на IMB.

Таму стекнав огромно знаење во областа на програмирањето, и во областа на дизајнот на информативните системи. Така да 16 години бев програмер во Металски Завод Тито“, рече тој.

-Кога дојде времето на приватизација, јас се побунив против начинот на приватизација, и морав да излезам со по-лиција, целиот управен одбор излеговме со пол-иција од фабриката, бидејќи тогаш се знаеше како беше системот, монополитички.

Кога ме избркаа од работа на некој начин, бидејќи се бунтуваш и ќе си го добиеш, тогаш бев под кирија, тазе женет, жена бремена, избркан од работа. Стресот беше голем, меѓутоа траеше неполн месец дена.

Се јавив во неколку фирми, веднаш бев ангажиран. Примањата ми беа 3-4 пати поголеми, и добив можност доста да се движам низ Македонија“, рече Трајановски. Кога како член на ВМРО-ДПМНЕ му понудиле да го кандидираат за пратеник, тој веќе имал своја фирма за софтвер.

„Јас имам соптвена фирма за соифтвер, не за продавање компјутери, јас продавав памет“, објасни поранешниот градоначалник. Потоа објасни дека пред да прифати да стане пратеник, прво ја прашал сопругата дали се согласува, и тогаш ја затворил фирмата.

-Најчесто ми префрлаат за фасадите, а ќе ви кажам еден случај. Дојде заменик градоначаникот на Љубљана, и ме праша: Зошто ваков го направивте градот? И јас му извадив слики од музеј од Скопје каков беше градот пред 1963 година.

Кога дојдовме пред новинарите тој рече: Господинот Трајановски го врати изгледот на Скопје којшто од 1963 година наваму требало да се задржи истиот стил на градби којшто бил претходно. А, ова е многу ново, многу модерно“.

Потоа, рече дека тој имал идеја Скопје да го направи модерен град во којшто младите ќе останат и рече дека работел по 16 часа дневно, станувал со градот и заспивал со градот. Трајановски раскажа случка за која вели дека му била најголем мотив.

-Со сопругата и со ќерката секоја сабота одевме во „Пелистер“, после пазарењето. Ми приоѓа еден брачен пар и ми вели: Сакаме да ви се заблагодариме. А зошто? Благодарение на вас, синовите ми останаа во Скопје“, раскажа Трајновски.

Тој раскажа дека тренитрал фудбал, карате, а бил вљубен и во кошарката кој самиот ја учел, а филозофијата на каратето му станала филозофија на живеење.

Трајановски рече дека и сега ги прави карате катите, трча, и пешачи по минимум пет километри дневно. За крај водителката го праша: Постои ли било каква шанса повторно да се кандидирате за градоначалник, а тој одговори:

-Сепак, за да се случи тоа многу е важни дали ја имате довербата од граѓаните.  Дали граѓаните веруваат во вас дека ќе направите нешто за Скопје. За да се случи такво нешто се прават анкети.

Доколку ја добијам поддршката од граѓаните, јас би се нафатил за следен мандат. Мојата работа не е до крај завршена“, одговори Трајановски.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаЈелена: Сестра ми денес не напушти – имаше 40 години, беше стоматолог и не сакаше да се имунизира
Следна статијаЛидија Вукичевиќ раскажа како на овие години изгледа вака: Јадам раванија