Росана замина во пензија, и жали за само едно нешто во животот

0

Една од најпознатите и најреномираните пејачки во нашата народна и популарна музика, Росана Сариќ- Тодоровска, веќе долги години активно не се занимава со музика.

Таа своето музичко враќање го направи на фестивалот „Макфест“,со песната „Спомени“.

Автор на оваа песна е Александар Митевски, и во неа се пее за сите убави спомени кои будат носталгија.

Но, ако внимателно ја слушнете, ќе сфатите дека во оваа приказна има многу за нејзината сестра близначка, Маријана, која повеќе од 30 години живее во Австралија.

Маријана и Росана, на публиката ѝ ги подарија безвременските „Признавам“, „Стој“, „Око мое“, „Молчи, молчи“, „Малечок“, „Некој треба да ме има“, кои и денес ги сака и ги пее и старо и младо.

Токму Маријана ги испеала придружните вокали на песната „Спомени“ кога била во Македонија пред речиси две години, и таа се појавува во спотот на оваа прекрасна песна.

Она по што ѝ гори душата на Росана, и на Маријана е загубата на нивниот брат.

Мирослав, братот на Маријана и на Росана кој живееше во Мелбурн, почина во мај во 2018 година. Росана и нејзиното семејство не можеа да отидат во Автралија за да го испратат.

За жал, после толку години за првпат мојот ангел , мојот брат нема да ми се јави и да ми каже: „Сестро, среќни празници“.

Толку боли, многу боли, ангелу мој. Почив-ај во мир, а јас и ние во душата и срцето сме со тебе. Не сакам ништо освен здравје и никој повеќе од моите најсакани да не ми биде одземен”, рече Росана на крајот од 2018 година.

Откако се откажа од музиката, таа работеше во една фирма за домашна конфекција, и изјави дека не се срами од никаква работа.

На почетокот муштериите биле изненадени кога пред нив ќе се појавела познатата пејачка, но потоа обожавале да одат кај неа поради љубезноста и добарата услуга. Потоа, Росана работеше во книжарницата „Култура“ во центарот на Скопје.

Сега, Росана ужива во пензионерските денови, и за „Слободен печат“ изјави дека ужива во времето поминато со нејзиниот сакан внук Ноах, од ќерката Ивана и зетот Џејмс:

-Со Ноах се чуваме секој ден во текот на работната недела, додека неговите родители се на работа, бидејќи пред пандемијата почна да оди во градинка, без проблем ја прифати, со радост одеше, сè додека не ги затворија.

И покрај тоа што сега градинките се отворени, ние како семејство решивме дека во моментов најбезбедно би било да го чуваме јас и дедо. Секој ден ни поминува низ многу музика, смеа, шеги и игра.

Готвиме заедно, јадеме, спиеме, танцуваме, шетаме со нашата Лејди (миленичето н.з.) покрај реката Вардар, шлапкаме во вирчиња, гледаме цртани, читаме книги…“, рече Росана за внукот.

Малкумина знаат дека токму упокоениот брат на Маријана и на Росана, Мирослав, бил дел од нивниот безввременски хит „Едно срце имам душо“.

„Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека биде „Едно срце имам душо“ со Маријана и групата „Надежи“ со мојот пок-оен брат Мирослав“, изјави Росана во истото интервју.

Таа рече дека досега ниедно од децата не се одлучи јавно да се занимава со оваа музика, иако имаат една извонредна палета на гласови.

Росана, која е реализирана и среќна жена, жали по едно нешто:“Најмногу ми е жал дека никогаш не си го остваривме ветувањето еден ден да се собереме јас, сестра ми и брат ми, заедно со нашите деца, да испееме нешто.“

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаЌерката на Ѓорѓи Колозов, професорката Катерина се огласи за роднините во Германија
Следна статијаЖената ме изневери со најдобриот другар на нашиот син