Ќерката на Ѓорѓи Колозов, професорката Катерина се огласи за роднините во Германија

0

Катерина Колозова, директорка на Институтот за општестени хуманистички науки, теоретичарка, професорка и феминистка, ќерка на познатите актери Ѓорѓи Колозов и Шенка Колозова, секогаш гласно ги коментира состојбите во нашето општество.

Таа на својот Фејсбук споделува фотографии како спомен на својот татко,легендата на македонското глумиште, како и фотографии до времето поминато со мајка си.

Колозова, во својата нова колумна за civilmedia.mk ги коментира новите мерки кои Владата ги донесе, враќањето на полицискиот час од 22 часот до 5 наутро.

– Што се случува оваа година? Иако помина толку време, старо-новиот министер за здравство не создал никаква методологија за управување на општеството во состојба на пандемија: се потпира на старите исклучиво полициски мерки, а го советуваат здравствени работници.

Тоа не е методологија, туку пристап во кој се вложени две еднодимензионални перспективи.

Изгледа дека и тој, а и новата влада, како и ланскиот министер Наќе Чулев, веруваат дека „човековите права се луксуз во пандемија.

“Можеби се луксуз што може да си го дозволи Индија на диктаторот Нарендра Моди, но не и земја аспирант за членство во Европската унија“, вели Колозова.

-Пак спомнува Филипче полициски час: нема полициски часови и немало нигде во Европа (освен лани во Србија- сега не) – буквални полициски, од воен тип, со кривична одговорност и никаква можност од дерогација. Да НЕМА ЗАБУНА, нашиот curfew не е curfew како на Запад или во Бугарија или Грција.

Нашиот е во-ена мерка а не карантин. До сега можевте да препишете од Италија, Франција, Грција или, еве, оваа година Србија.

Имам право да дерогирам од карантин (curfew -што не е нашиот полициски, кој е од воен тип) по потреба.

Отворете е-систем или смс ко во Грција – нема што да излегуваме сите со кучињата во 20.00 (и да не будат во 03.00), нема зошто да не претрчам до аптека за аналгетик – ВО КОЈ БИЛО ДЕЛ ОД ДЕНОТ.

Стави систем за пријава на дерогација кога излегувам на 30 минути сама. Не нѐ малтретирајте непотребно. Ве бива за дигитализација кога земате пари, ама “не сме ние Франција” кога треба да почитувате човекови права?

ПС во студиите за лани (барем 5 меѓународни имам на ум), само тукашното граѓанско општество не зуцнало за кршењето на човековите права и слободи. Не било watchdog, ќе ви линкувам тука ама не читате. И тоа нешто кажува“, напиша таа на својот Фејсбук на 20 март.

Во новиот свој статус, Колозова го коментитра пописот и ги споменува членовите на нејзиното семејство кои живеат во Германиија:

– Не се разбирам во пописи, ама постои ли методологија според која се брои и трајно иселено население во население на една држава?

Како е оваа методологија издржана ако попишувањето на “странците” е доброволно, а на населението фактичко принудно?

Што ќе ви е таа бројка иселени да создава илузија дека тоа е наше население. Може се граѓани, но не население.

Имам членови на фамилија Германци, па никој не ги попишува таму- тие се само граѓани но не и население на Германија“, објави таа.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаАпасиев го ‘рчна, Стевчо веднаш му врати: Неговиот пратеник од Штип нема возачка, затоа му плаќаат само автобуска карта
Следна статијаРосана замина во пензија, и жали за само едно нешто во животот