Откако за првпат се појави во јавноста на музичкиот натпревар „Идол“, шарматната Ноне Неделковска е многу интересна за јавноста. Таа публиката ја освои со својата појава, со своето пеење, песни и имиџ.
Ноне потоа градеше кариера во Македонија, снимаше песни и пееше на домашните фестивали.
Пред почетокот на пандемијата, таа се врати во родниот Велес, а претходно шест години целиот свет беше нејзин дом, таа работеше на брод, како менаџер за продажба.
Долги години на бродот, Ноне беше во врска со Рајан, со кој прекина пред повеќе од една година. Потоа, нејзиното срце го освои Урош од Србија.
Тој по професија е монтажер и работи на спотови. Тој е од Србија и досега работел на реализацијата на видеата на еден куп познати фаци.
Ноне, минатата година, пред почетомот на пандемијата се врати дома, во родниот Велес.
Ноне за „Црно бело“’, изјави дека додека патувала со бродот посетила 45 земји и има морска болест. Таа сподели свое искуство од различните култури кои имала можност да ги запознае.
– Во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци).
А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод. За десет години здравје Боже се гледам со две дечиња, среќна мајка и сопруга“, рече Ноне.
– Бев на моето омилено место, на Канарските острови. Кога си одев од бродот, ситуацијата беше затегната.
Дел од патниците заминаа во карантин на Тенерифе. На аеродромот немаше никакви посебни мерки за превенција, сè беше нормално.
Исто така и во Истанбул на аеродром немаше никакви превентиви ниту пак проверки. Единствено кога стигнав кај нас, вработените од пасошката носеа маски и ракавици и не прашуваа од каде патуваме.
Имаше личност која мереше температура на сите нас кои што стасавме во Македонија“, изјави Ноне за Женски Магазин на крајот на месец март минатата година.
Пејачката сега е во Велес, и често споделува инспиративни мисли но и фотографии на Инстаграм.
– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема. Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.
Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.
За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно. Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне неодамна.
Таа се сликаше по градник и ги запали своите фанови кои ја лајкнуваа и ѝ ги коментираа сликите: „Прекрасна си“, „Немам коментар“, беа едни од нив. До сликите, Ноне порача: „Ако имате добри мисли, тие ќе зрачат од вашето лице и секогаш ќе изгледате прекрасно.“
За љубовниот живот на Ноне се знае дека таа долго време беше во врска со Рајан кого го запозна на бродот, а потоа беше во љубов со режисерот Урош од Србија.
На Ноне, која долго време не е на море, изгледа дека ѝ недостасува работата на брод и моркиот воздух, но ѝ недостасуваат и некои луѓе од тоа време.
Ноне објави стори на Инстаграм со извесен Дејан како ужива на егзотична плажа на Канрските острови, а до неа е токму Дејан кој ја држи под рака.
Фото: Инстаграм принтскрин