Илина Арсова раскажа како ѝ помогнала Лејла Рамковска

0

Лејла Рамковска, ќерката на Велија Рамковски во последно време е актуена по тоа што стана јога инструктор, професија која последниве години многу ја исполнува.

Таа е ќерка на Велија Рамковска, сопственикот на некогашната А1 телевизија и на други медиуми, како и поранешна сопруга на Сефер Цановски, синот на Фиат Цановски.

Лејла е мајка на две деца, која неизмерно ѝ е посветена на јогата. На нејзината витка фигура не можете да останете рамнодушни, а фотките кои ги објавува на својот Инстаграм профил воодушевуваат многумина.

Во едно интервју, Рамковска зборуваше за тоа како всушност станала јога инструктор: – Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш…

Дали тоа ќе биде кон самоун иштув-ање, самосожалување и не среќа или кон пронаоѓање на сила во себеси за трансформација на самиот себе во најдобрата верзија. Затоа треба и верба во самиот процес, но и мир со себе и светот околу нас.

Јас и мојата фамилија, надминавме многу тешки моменти.

Тоа го направивме со свесноста дека само со вртење кон себе, секојдневно наоѓање на причина за чувство на благодарност, како и огромна љубов и верба кон животот и кон еден на друг, како фамилија….

Ете така излеговме од сè што ни се случи како посилни луѓе.

Од физички аспект, после раѓање на две деца и многу испробани спортови, јас никогаш не сум се чувствувала подобро и пофит, благодарение само на јогата.

Секако потребно е посветеност, континуитет и љубов кон тоа што го правиш“, изјави Рамковска во Женски магазин.

Една од жените кои исто така е посветена на одржување на здравјето преку константна физичка активност е Илина Арсова, нашата позната планинарка и уметник.

„Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности се уште се донекаде зачувани.

Навистина прекрасно искуство. Најсуровиот, најдалечниот, најстудениот, но и најчистиот континент.

Мислам дека толку моќно ја дожиевеав таа енергија што заборавив на сите предизвици од студ и неуспех, кои пред да тргнам ја мачеа мојата потсвест“, рече Илина за своето искуство од посетата на Антартикот.

Арсова објави фотографии како вежба во домашни услови и вели дека веќе два месеци вежба со Лејла Рамковска.

Во сторито кое го објави, Илина објасни на кој начин Рамковска ѝ помогнала.

– Веќе два месеци вежбам со Лејла Рамковска. Претходно задната ложа ми беше пре пре напната и целата бев крута.

Сега, со секор ново вежбање чувствувам како да се опушта“, напиша Илина Арсова.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаБоби од Ранковце има осум деца, а живеат во куќа која се распаѓа: Се случува некој пат да немаме ни за леб
Следна статијаНикола Груевски ќе мора да пишува статус – синоќа Јовица Страшевски изнесе многу пикантерии