Дали знаеме: Зошто оваа сабота се нарекува Тодорова?

0

Православните верници од минатиот, чист понеделник, влегоа во 49-дневниот пост, кој ќе заврши на 2 мај оваа година.

Велигденскиот е најстрог пост. Типикот вели дека од понеделник до петок се јадат јадења подготвени на вода, без масло, а во сабота и недела се јаде со масло. Само два двапати во текот на овие пости се јаде риба.

Тоа е типикот, а секој верник, кој пробува да живее живот во Христа, со допуштение на својот духовник, добива, доколку има желба, допуштение за поблаг пост, според неговите можности.

На денешен ден, на Тодорова сабота, најчесто верниците првпат во текот на овие пости се причестуваат со тајните Исусови, лебот (нафората) и виното.

Оние кои се поревносни и кои ги постат сите среди и петоци во текот на годината, причест можат да земат секоја недела, после литургија. Секако, повторно, со благослов од духовникот.

Духовникот е свештено лице, кое треба да му даде насоки на верникот, како да пости, како да се исповеда, со еден збор, тоа е човекот кој го води низ верата.

Но знаеме ли зошто оваа сабота се нарекува Тодорова сабота? Свети Теодор отишол кај архиерејот и му рекол:

„Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар. Овој, пак, чудејќи се, го прашал:

„Што ќе прават тие што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?“

Свети Теодор му одговорил:

„Нека јадат коливо (варена пченица)“.

Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение, и на тој начин ја запазил својата паства од подмолната завера на царот-отстапник.

Кога царот видел дека не му успеала намерата, наредил на пазарите повторно да се изнесе вообичаената храна.

А Христовиот народ, кога завршила седмицата, му оддал благодарност на свети Теодор, и со радост оваа сабота ја определил да се слави во негов спомен.

Претходна статијаДара Бубамара самата си ставаше срциња на Инста, сите ѝ фаќаат сеир
Следна статијаРосоклија: Потребни ли и се амбасадори на Македонија? Не! Потребни се дваесетина квалификувани луѓе и МНР да се укине