Со Јагнешко и Камилско – Вучиќ се пофали како го нагостиле во Бахреин (ФОТО)

0

Српскиот претседател Александар Вучиќ е особено популарен во последните два месеци, по неговиот успех да обезбеди голема количина вакцини за своите граѓани, од различни производители, па дури и да им помогне на соседните земји со одредени количини.

Фото: Јутјуб принтскрин

Вучиќ, кој деновиве е во посета на Бахреин и ОАЕ, вчера рече дека најважниот исход од неговата посета на Обединетите Арапски Емирати и Бахреин е договорот во врска со изградбата на фабриката за вакцини на кинеската компанија „Синофарм“ во Србија.

Вучиќ исто така најави дека првиот работен состанок по прашањето на фабриката ќе се одржи во понеделник, а ќе се разговара и за местото на изградбата, пренесува Танјуг.

Фото: Јутјуб принтскрин

„Ќе се состанеме да ја видиме логистиката и ќе се подготвиме да изградиме фабрика за помалку од еден месец“, рече вчера Вучиќ.

Тој додаде дека е убеден дека ова ќе ја направи Србија уште посилна и ќе им овозможи на нејзините соседи да имаат добри вакцини.

„Ќе можеме да се пофалиме дека станува збор за српска вакцина“, нагласи тој, додавајќи дека домашните експерти ќе бидат обучени дополнително.

Вучиќ најави дека ќе биде имунизиран во четврток или петок со кинеската вакцина.

Фото: Јутјуб принтскрин

„Дотогаш не можам да одам во Брисел. Немате идеја колку ми е жал и тешко за тоа, ужасно “, додаде Вучиќ, коментирајќи ја веста дека ЕУ може да донесе одлука за КОВИД пасоши и да ги препознае само оние вакцини што ги одобрила, без да ја признае кинеската.

Фото: Јутјуб принтскрин

Во обраќање до граѓаните на Србија од Бахреин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше последните најави од Европската унија, во врска со дискриминацијата на руските и кинеските вакцини во однос на дозволата за патување во ЕУ.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Би било неразумно, но ако ја донесат, тоа ќе биде одлично за нас. Како ќе го забранат доаѓањето на унгарскиот премиер кој беше вакциниран со кинеска вакцина?

Фото: Јутјуб принтскрин

Сега и мене кога слушнав, ме забрзаа да се имунизирам со кинеската вакцина, а потоа ако не ме прифатат во Брисел, нема ништо од дијалогот со Приштина, изјави Вучиќ.
Според него најавата на ЕУ за воведување на ковид пасоши со одобрени вакцини од ЕУ е лоша одлука, спротивна на највисоките европски вредности.

Тој наведе дека во тој случај, Србија ќе направи лабораторија за брзи PCR тестови и дека ќе ги издава резултатите за два часа, така што луѓето што примиле кинеска вакцина „може да одат каде сакаат во Европа”.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Ние од Европа не добивме ниту една вакцина, што значи дека никој од Србија и целиот регион нема да има право да патува во ЕУ, потенцираше Вучиќ. Тој оцени дека не треба да се мери според бојата на знамето дали ви се допаѓа вакцината.

-Сакам да верувам дека никој во Европа сериозно не размислува за таа одлука. Ако ја донесат, ќе ја разбереме нивната порака и што мислат за нас и за нашиот регион. Нашата земја ќе се развива со молскавична брзина – заклучи Вучиќ.

Фото: Јутјуб принтскрин

Предлогот за воведување на таканаречени „ковид-пасоши” за слободно движење во рамките на ЕУ, што ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинирање со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова е затоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на ЕУ.

Фото: Јутјуб принтскрин

Александар Вучиќ, очигледно е фасциниран од неговата посета на блискиот исток. Тој на својот профил на социјалните мрежи обкави фотографии од свечената вечера, со кои сакаше на своите сограѓани да им го долови амбиентот кој му го приредиле домаќините.

Фото: Јутјуб принтскрин

„На маса беа арапски специјалитети – јагнешко месо подготвено осум часа, месо од камила, хумус, табуле … доволно за да се заокруи последната вечер под шаторот во пустината Бахреин, спомен за цел живот – изјави Вучиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин

Вучиќ му се заблагодари на шеикот Насер бин Хамад ал-Каиф за „овозможувањето да ги запознаеме најубавите обичаи на оваа земја“.

Фото: Инстаграм принтскрин
Претходна статијаСања Ристиќ „Ех тој Тоше“ се јави на Фејс: Народот е затрупан во очај, и така е привикнат да живее
Следна статијаКалиопи во друштво со Зафирчев: Луѓето со кои ги чекорам истите чекори низ животот и ја делам истата љубов