Цеце од Телма го покажа синот Бодан, младата мајка изгледа прекрасно (ФОТО)

0

Цеце Трајковска Тодосовска е дел од телевизија Телма, долги години, таа беше дел од познатата четворка:елена, Цеце, Марко и Гоце, кои ја водеа Утринска на Телма.

Утринците лани летото, на Фејсбук објавија дека програмата веќе нема да се емитува, со емотивен статус. „Со најтажно срце поради вас, нас, нашата љубов и конекција која ја создадовме единствено со душа и целосно уживање, мораме да соопштиме.

Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека ‘Утринска на Телма’ од септември нема да оди во етерот“, напишаа тие.

Потоа, тимот се раздели на две дела, Цеце и Марко водеа една емисија, а Гоце и Елена друга. Сега, Гоце и Елена се на сосема други работни места, Елена Митева е во Владата, а Гоце Андреевски е портпарол во МВР.

Во Телма се уште е ангажиран Марко Марк, додека пак Цеце се повлече од разбирливи причини, таа очекуваше бебе.

Цеце претходно за „Репортер“ изјави дека нејзиниот сегашен сопруг Столе ја поварал за жена во Охрид, а пред свадбата, таа направи необична моминска вечер. таа со другарките возеше кајак на Матка и се сместија во приватна куќа во која се стигнува само со кајче.

Старосват на свадбата ѝ беше Марко Марк, кој освен што ѝ е колега и е најзин најблизок пријател.

– Мислам дека многу брзо публиката ја препозна нашата мисија, а таа е да шириме позитивна енергија и љубов во етерот.

Брзото темпо на живеење си го направи своето, луѓето наоѓаат изговори дека немаат време за себе, а не па за пријателите.

За жал заборавивме како е да седиш со некој и да разговараш со часови, се изгубија вистинските вредности, во Македонија жалосно, но се се сведува на политика…

Oколу нас има тажни ликови… на сите ни треба убаво започнат ден, па затоа ние се трудиме да понудиме токму такви утра и луѓето барем на момент да ја почувствуваат убавата страна на животот“, изјави цеце во интервју за magnetikfashionblog.com.

Во Женски магазин, таа раскажа за тоа како се подготвува за својата најважна животна улога, улогата на мајка.

„Кога дознав дека сум бремена, не бевме изненадени бидејќи тоа е нешто што и двајцата со Столе го посакувавме и очекувавме.

Бевме пресреќни, си го пуштивме нашиот омилен бенд Beach House и се изнагушкавме од среќа“, изјави Цеце за Женски магазин.

Верувам дека сè ќе си дојде на свое место откако ќе се роди бебето. Знам дека и двајцата ќе го дадеме нашиот максимум да бидеме посветени родители“, додаде водителката.

Цеце и нејзиниот сопруг се најсреќни, при крајот на февруари свет дојде нивниот прв син. Со стори на Инстаграм, за убавата вест се пофали сопругот, а водителката го шерна сторито и така и пријателите, а и јавноста дознаа дека им се родил син.

Според сторито што го објави нивна роднина, бебето има многу убаво и интересно име, тој се вика Бодан.

Водителката денеска покажа колку вистински ужива со своето семејство, таа објави слики со синот и со сопругот.

Таа на сликите изгледа многу убаво и свежо, и видливо е дека мајчинството и годи- водителката од „Телма“ целата блеска.

Фото: Инстаграм принстксрин, Фејсбук проинстксрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаМарјана ги покажа облините кои се сега повидливи од порано (ФОТО)
Следна статијаПеро Антиќ објави слика со Катарина Ивановска, дали ова значи дека не кријат дека се во врска?