Спенџарска го разбуди детето во себе

0

Јелена Спенџарска е една од нашите најпознати водителки. Претходно таа беше и манекенка, а сега е дел од програмата на Канал 5 веќе долги години.

Јелена, со зголемувањето на популарноста на социјалните мрежи стана и инфлуенсерка, таа рекламира разни производи на Инстаграм, но пишува и мудри мисли како инспирација за своите следбеници.

Птицата стои на дрвото без страв дека ќе се скрши гранката, НЕ затоа што знае дека гранката е цврста, туку дека верува во своите крилја.

Сонувај.. Посакувај… Верувај во себе… Можеш СЕ !“, порача таа неодамна. Сега, Спенџарска сподели една своја мисла која е лична приказна што ѝ се случила.

-Размислувам…. годините не можам да си ги вратам, но детето во мене е поживо од било кога!!

Никогаш не сакам и НЕМА да пораснам! Моите детски соништа ги создадоа најубавите промени досега.

Улогата на спасител која ја имаа моите родители секогаш кога ќе паднев – си ја препишав на себе и денес кога ‘ќе паднам’, брзо ќе се исправам, ќе ги протресам алиштата и без плачка продолжувам таму кај што сум тргнала… да го завршам тоа кое сум го наумила.

Не е крај на светот ако не е по мое. На крајот од денот, не е ни важно кој е во право, а кој не, туку кој е среќен!

Се е толку едноставно, освен она кое сама ќе си го ископлицирам во главата ….од страв…

да не ме озборуваат, да не си помислат нешто, да не згрешам, да не се усрамам, да не успеам….. секогаш е во прашање ст рав!

Никогаш не ги гледам работите онакви какви што се, тука такви какви што сакам јас да бидат.

Си ја менувам реалноста секој ден, да ми биде забавно, убаво, шарено, весело, како што тоа го прави внука ми Љубљана со своите две годинки.

Пред точно една година ми се исполни една животна желба- да одам во Дизниленд.

И токму тука уште повеќе ги сфатив овие работи. Колку се важни и НЕОПХОДНИ!

Колку се губиме во секојдневниот живот, ‘глумејќи’ возрасни и колку љубов си должиме на самите себе.

Секој во нас има по едно дете чии соништа можат да го променат светот. Разбуди го и помогни му да победи!!!“, порача водителката.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаНа летовите за Цирих, Швајцарија, ќе започне тестирање на апликацијата „Зелена пропусница“
Следна статијаСите и завидуваа на прекрасниот изглед, а Дара Бубамара откри на што е