Својата последна книга засега, Игор Џамбаазов ја промовираше на крајот од 2017 година. Книгата е со наслов „Улица диши длабоко“.
Во неа се повеќето од неговите песни- стихови кои ги напишал за себе како изведувач, за колеги, или некои што воопшто не се испеани.
Групата „Нокаут“ на социјалните мрежи вчера ја објави песната „Шал“ чиј автор на текстот е Игор Џамбазов. Познато е дека Џамбазов и Пере- Нокаут се добри пријатели, а и често имаат настапувано заедно.
Игор гостуваше на многуте концерти на групата „Нокаут“ и обично заедно ја пееја песната „Во бестрага“, која има многу прегледи на Јутјуб и е доста споделувана песна на социјалните мрежи.
Токму пновата песна „Шал“, крие една интересна приказна која Игор пред извесно време ја раскажа.
Кога го збпруваше ова, тој се уште не беше во врска со Илина Арсова, и ја опиша песната како приказна за неговата најголема љубов.
– Песната „Шал“ е песна за една од моите најголеми љубови која пред три години го напушти овој свет. И, еве ќе ја кажам, никогаш не сум ја кажал.
Се викаше Тања Кочишка, една од најубавите жени воопшто што Скопје ги имало. И песната е направена во време кога таа и јас започнувавме.
Таа живееше на улица „Иван Аговски“ кај полицијата во Карпош. А Драмски театар е на 200 метри. Така некако се испраќавме, и песната се случи во една таква скопска стидена зимска ноќ, во која во знак на иднина наша си ги разменивме шаловите.
Јас ѝ дадов едно жолто шалче што го носев околу вратот, а таа ми даде еден шарен шал, женски.
Ама, иако беше женски, јас го носев најмашки на свет. И ете, од таа наша прва средба, стиснати во влезот, настана таа песна, на Пере многу му се допадна.
Песната нема рефрен. Тоа се четири строфи, и мелодиски се повторуваат, но во аранжманот, Пере ја направи да биде достапна.
Не е извадена, сега, очекуваме секој момент“. Ова го најави Игор во емисијата Еден на Еден, во декември во 2019 година.
Песната си ја почека малку својата премиера, но излезе баш на денот кога во Скопје и на територијата на целата земја се прогласи полициски час.
Во спотот, Пере се вози и се шета низ празните улици на главниот град.
– Надвор е во -јна, се касаат псите, една пијаница до дома ме дави, и среќен сум што не знаат сите, дека уми -рам а друштво ми прави нејзиниот шал, со мириси луди, добиен со замена во влезот што студи.
Толку е пусто, тишината се слуша, нејзиниот рита, ме удрира во глава, полн сум со бедна самотија до гуша, уништен сум, но сила ми дава“, пее Никола Перевски од „Нокаут“ во оваа песна која е вистинската приказна на неговиот другар.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принсткрин