Дино Мерлин за сопругата: Никогаш не сум ти кажал колку те сакам

0

Сите песни на Дино Мерлин кријат некоја посебна приказна, затоа ги сакаат милиони луѓе од поранешна Југославија, и оние кои живеат во дијаспората.

Еден од најпознатите балкански пејачи зад себе има милион хитови, но една песна која на повеќето им е добро позната крие тажна приказна зад себе.

Станува збор за песната „Da šutiš“ која ја напишал авторот Елдин Хусеинбеговиќ чија сопруга Емка боледувала од мултиплекс склероза.

Иако со ова заболување некои можат да доживеат длабока старост, Емка не можела долго да се бори. Па така, неговата посветеност кон неа било мотив да ги напише стиховите за песната која ја отпеа Дино Мерлин.

-На личноста која најмногу ја сакам не можев да ѝ подарам чевли, бидејќи таа не оди. Ни книга, бидејќи не гледа, па дојдов на идејата на сопругата да и подарам песна.

Мојата сопруга е слепа и во инвал -идска количка, повторно да требаше да се женам би ја избрал неа“, рече пред неколку години авторот на песната, Елдин.

Во април 2013 година инаку неговата сопруга ѝ подлегнала на долгата и тешка болест, а стиховите на песната се уште се голем хит низ целиот регион. Но, автор на многу свои хитови е и самиот Дино.

За најновиот голем хит, но и за неговата сопруга Амела за која претходно има изјавено дека им бранеле да бидам заедно и ја криеле љубовта, тој зборуваше во емисијата „Во свој филм“, со Тончица Чељуска на Хрватската телевизија.

– По полни шест години го објавивте новиот сингл, „Ми“, кој е најава за новиот албум, и таа песна во еден ден стана хит на сите дигатални платформи, во словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска и Србија беше тој ден, за еден ден повеќе од милион прегледи.

Сега веќе има повеќе од седумнаесет милиони откако излезе, и слична е на сегашната состојба во светот? За што се работи“, го праша новинарката.

– Па, искрен да бидам јас таа песна ја напишав претходно. Но, песната, барем кога јас ја пишувам, таа река се формира од повеќе извори. Првиот извор, кога ја пишував таа песна беше еден убав, обичен, сосема ординарен ден.

И бев со својата сопруга, и разговаравме за тоа, и ѝ реков: Никогаш не сум ти кажал колку те сакам, колку има радост и колку искреност во сето тоа. Ајде овој ден нека биде она најдоброто од нас.

И главно, моите песни тргнуваат од тој микро свет од таа моја куќа, на крајот, а потоа луѓето ги препознаваат и другите димензии во нив.

И кога се случи оваа пандемија, и јас и мојот менаџмент размислувавме колку би било убаво малку да ги подигнеме луѓето, затоа што настапи сивило. Нашата стварност одеднаш беше обоена со некои сиви бои, и јас реков одам контра.

Имам сила, го можам тоа, ајде да направиме некој спот којшто на некои луѓе нешто ќе им значи.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаЏамбазов откри зошто го снема од Инста
Следна статијаВане Маркоски: Помислете само на порано, како соседите се сакале, почитувале, се собирале пред зграда