Музичарот Мартин раскажа низ што поминал додека барал слободен кревет во болниците за свои блиски

0

Музичарот и поранешен Мистер на Македонија, Мартин Данчев пред извесно време објави еден свој успех на кој се гордее, тој беше прогласен за еден од победниците на “Envision Sound 2020″ програмата помеѓу 9-те композоритори од вкупно 6 земји.

-Со оваа награда ќе имам прилика да пишувам музика (soundtrack) за мој прв долгометражен филм“, напиша тој и објави дека сè уште работи и како модел, но повеќе во Србија.

Но, она што го мачи Данчев е здравјето на татко му и на баба му кои се и двајцата позитивни на вирусот. Тој сними видео во кое како што вели- ја опишува реалната состојба на ко-вид центрите и раскажува низ кои маки поминало неговото семејство.

-Пред два дена ми излегува изјава од господинот Венко Филипче дека сè е под контрола и дека има слободни капацитети во сите болници. Е, сега јас ќе ви раскажам што мене ми се случуваше деновите па вие одлучете дали некој лаже и што всушност се случува.

Поради компликации од ков-ид, татко ми морав да го хоспитализирам, ги земавме резултатите од крвта, сè што треба, отидовме на Инфективна во Државна болница.

Докторот ги гледа сите резултатити и вика: пациентов мора да се хоспитализира, извини, ама стварно немаме место, немаме кревет слободен, ни еден пациент да семстиме“, му рекол докторот.

По ова, младиот музичар вели дека се зачудил затоа што ништо такво нема слушнато. Потоа докторот му рекол дека пред него ќе се јави и ќе пушти на спикер за да види што е реалноста.

“Човекот се јави, не знам колку броја сврте, нема веќе кревети, нема капацитет, враќај ги дома пациентите, едноставно нема што да им правиме. Во цела Клиника тоа се случува, во сите Ковид центри каде што се сместуваат пациенти.

Идете си дома, утре дојдете, ако имате среќа, ќе ве сместиме- вика. Јас зошто сум упорен, се јавувам во Воена болница, ајде еден кревет барем. Од таму истиот одговор го добивам, нема ни еден слободен кревет, евентуално утре да дојдете, пробајте, па да видиме.

Што да правиме, ќе вртиме по броеви на луѓе што ги знаеме дека работат по болнициве.С е јавуваме кај една медицинска сестра од Неврологија, и таа со тешки напори: Дојдете да го провери доктор, па ќе пробаме некако да го сместиме човекот.

Не знам како најдоа еден кревет, и го сместија човекот. Доктоот ми вика: Не занеш која среќа имате, ова е последен кревет. Следниот ден, треба баба ми да ја сместам, бидејќи и на нејзе ѝ се влоши состојбата, инфекција настана.

Видов каква е ситуацијата, што да правам, си викам, ај со брза помош ќе ја однесам жената, што и онака е потешко подвижна, постара е. Дојде брза помош, јас возам по нив, стигаме на Инфективно одделение, иста приказна, друг доктор.

На луѓето алал да им е што се трудат да ги сместат пациентите, меѓутоа од секаде добиваат одговор дека не постои слободно легло во цел град“, вели Данчев и додава дека докторот рекол дека бабата мора итно да се хоспитализира.

-Докторот исто транспарентно уклучува на спикер, и сите му викаат: Колега, немаме слободно, не постои кревет слободен, враќај ги пациентите. А, со брза помош донесен пациент, што е во критична состојба, се враќа дома и му викате: Дојдете утре, со надеж дека ќе се ослободи барем еден кревет.

И јас викам- нема шанси, има да ја сместам баба ми, па не знам што да е. Се јавив исто кај сестрава што ја познавав: Те молам баба ми не е добра, качени ѝ се сите вредности, ескалира состојбата, дај да најдеме место!“

Пријателката не му ветила ништо, рекла дека ќе де обиде и ги повикала да дојдат кај неа на одделение, и тоа им била единствена надеж. Мартин Данчев вели дека чекале од 10 наутро до 4 попладне и кога ги примил докторот им рекол:

-Јас не знам кој ве пратил овде, ама јас не можам да ве примам, нема место, нема слободен кревет. До сега, од сабајле, над 10 луѓе имам вратено, што треба да се хоспитализираат. И доаѓа сестрата и вика:

-Докторе, сепак еден пациент ќе испишуваме денеска, чекаме да видиме кога ќе го земат, па ќе ја сместиме женава. И ми вика: Ти си среќник ненормален, ова е луд -ница тука, не знаеш што се случува тука.

Три недели праќаме апели, ги известуваме надлежнитем, никој ништо не ни одговара и не се отвараат болниците.

Тој ден требаше да се отвори монтажната болница, но немаше никој никаква информација ниту кога ќе се отвара, ниту кој ќе работи таму“, рече музичарот и апелираше до надлежните да отвараат центри во кои реално ќе има место за забол-ените пациенти.

-Друга работа, приватниве клиники, јас знам дека сите гледаат профит, ама платив 7900 денари за инфузија за баба ми, за домашна посета. 7900 денари за да ѝ стават инфузија со физиолошки раствор, витамини и аналгин.

Јас не знам што ви се математиките, ама луѓе што немаат да платат што ќе прават? Друга работа, тестирањата. 2.700 денари е едно тестирање. Слушам цени, по десетици илајди евра луѓе плаќаат да се лечат.

Ало, каде оди сето ова? Ниту има рестриктивни мерки, ниту се отвараат нови болници навремено, ниту персонало знае што треба да прави, не ги ни известуваат.

Луѓе цел живот плаќаат придонеси, и еднаш му затребува болница, и му викаат- Оди си дома, ако имаш среќа утре ќе те сместиме“.

На крајот на видеото, Данчев вели дека се надева оти ова видео ќе стигне до тие што треба да стигне за да се променат некои работи, затоа што како што вели тој, тие што даваат изјави дека е сè во ред, не се запознаени со реалноста.

Фото: Фејсбук принстскрин, Инлусрација, Freepic

Претходна статијаНека е честито баба Цули – д-р Софијанова за 8. март го доби најубавиот подарок
Следна статијаВесна Бејби доби многу честитки за роденден, ама една ја стопи