Ребека има правила кои родителите вреди да ги знаат

0

По повод меѓународниот ден на жената Осми март, пејачката и хуманитарец, Ребека Јанковска- Ристески порача дека парите што се трошат на прослави треба да се пренасочат за сосема други намени.

– Средствата кои ќе ги потрошат за прославата и подароците да ги наменат за некои ранливи категории на жени или деца. Ретки се тие кои преку организациите им помагаат на самохраните мајки или болните деца“, рече Ребека во Женски магазин.

Ребека е мајка на близнаците Макариј и Доротеј кои имаат 7 години, 14 Маркијан, и е заедно со сопругот д-р Милан Ристески. Тие се доста посветени родители.

За порталот majkaidete.mk, Ребека зборуваше како се организира околу домот, наставата, децата, работата, и сека новата ситуацика ја натерала да работи повеќе професии одеднаш.

-Секој работен ден, од понеделник до петок ми почнува во 7 и 15 часот – со џогерот. Морам да го пребришам подот во целиот стан особено сега, откако го имаме новиот член во семејството кој пушта многу влакна, пред да станат децата и да почнат да трчаат низ куќа со своите боси ноџиња.

Потоа си правам кафе кое обично не го испивам или пак го пијам два саати, заборавајќи го одвреме навреме на различни места низ станот.

Претежно сум сама со тројцата, освен ако Мики не оди тој ден подоцна на работа, па во меѓувреме го носи кучето на прошетка.

Близнаците стануваат и се облекуваат сами, а на Маркијан за ова сѐ уште му треба помош, па му помагам да се облече, да ги измие забите, да ги испие лековите, им спремам појадок, иако понекогаш близнаците знаат и самите да си направат нешто, и почнуваме со онлајн наставата.

Тие седат на маса и учат од еден компјутер, а бидејќи се сега во фаза на описменување и учење на ракописни букви и математички операции, морам да надгледувам цело време.

Учиме во просек до кај 11 часот, потоа правиме малку пауза, а потоа гледам веднаш да го напишат и домашното.

Дури и во време на пандемија не отстапивме од своето правило: таблет може само во петок и сабота по два часа и во ниту еден друг ден. Потоа, ако не сум направила ручек од вечерта, го готвам ручекот за тој ден’, изјави Ребека.

Во вчерашниот пост, таа им обрна внимание на сите родители кои на децата им дозволуваат од рана возраст да се вклучат во популарните видео игри, и тоа да им одзема добар дел од денот.

– Трајте и не кажувајте колку е тешко да се излезе на крај со децата. Со децата треба да се излезе на почетокот,а не на крајот.. Ако децата на 7 години играат Мајнkрафт или Фортнајт, играат на Плејстејшн што ќе играат на 10,11,12…?

Самата содржина на игрите не е препорачлива за нивна возраст. Што е тоа што сакате да го развиете и потенцирате кај децата со овие игри?

Не можам да разберам како се согласувате деца од 6,7 години и помали да ги играат овие игри?

На секој школски одмор се разговара за овие игри. Има еден куп теми и игри кои треба да ги интригираат во оваа возраст.

Во тие разговори не можат и не знаат како да се вклучат моите деца. На нив им е сето тоа чудно. А и на мене да бидам искрена“,напиша Ребека.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаКемиш е љубоморен, не ѝ дава на Зорица Брунцлик да мрдне од дома без него
Следна статијаЉубчо и одговори на Катица: Видовме на Ќулавкова што и пречи, но ајде да видиме што не и пречи