Новинарката Валентина Ѓорѓиевсска- Парго даде свое мислење во врска со случајот на колешката, фоторепортерката Арбнора Мемети и раскажа своја приказна која е поврзана со работниот однос на новинарите.
– Случајот со фотографката ме потсети дека кај Велија потпишувавме договори за работа, без да смееме да видиме што потпишуваме.
Еднаш кога реков “дај да прочитам шо е ова” ми рекоа лути “ти сакаш да работиш овде или сакаш да ја фатиш вратата?”. Копија немавме. Така што, сега, иако работев со решение кај Велија, од таму не ми е регистриран ни еден ден, а немам копија за да докажам.
Затоа, кога си дадов отказ, а прво не сакаа да ми го прифатат, ќе сум се вратела немало кај да одам да работам (туууфф) , јас буквално од мај до септември не заспав од мислење, што ли имам потпишано.
За среќа па таму беше село беа кучиња, во септември од Завод кога си го зедов отказното решение дури и ме имаа испофалено во причината за отказот.
(но не ми кажаа дека ми се следуваат пари од Завод па така неколку непрежалени плати ми пропаднаа) Сево ова ме потсети не на само на нашиов робовла-детелски систем туку и на 4 други битни работи:
-На едно големо лицемерие кое никаде не води, гледајќи дека фотографката од таков договор, сега па (наменски, за свои потреби) ја штитат истите тие уредници што нас не тераат да потпишуваме такви кау бојски договори.
-На едно големо лицемерие што Велија од неправдата на реж-имот го бранеа истите тие што од него избегаа како опожарени, сабајле отидоа на работа, се искараа, до пладне Редакцијата беше празна.
-На фактот дека после искуството со Велија изгубив волја за тимска работа и продолжив фериленс, што не велам дека е полошо, но е подобро од денот да го врвиш со лицемери.
-И на фактот дека се е се уште е како во времето на Велија, а и многу полошо. И дека Велија не го уништувал новинарството, како што велеа тие , сега е повидливо кој.
За жал, уште има од оние кои ги оправдуваат таквите договори, на штета на својата фела, само затоа што нив (засега) им е убаво и удобно кај што се…
Но, далеку зад мене е сето тоа и сите лицемери кои не ги признавам за ништо повеќе од тоа, и, можам на раат да си се истегнам наутро. БОМ ДИА тегначи“, напиша Валентина на Фејсбук.
Фото: Фејбсук принтскрин, Јутјуб принстскрин