Оливера: Вчера одејќи накај работа се разминав со една жена која после мојот потег ме опсипа со благослови

0

Веројатно секој од нас го почувствувал мигот на среќа и задоволство, кога помогнал некому, а сатисфакцијата е уште поголема кога тој некој е стар и немоќен. Нашата читателка Оливера Оте ни раскажа една токму таква ситуација:

Фото: Илустрација

„Копнеж за добрина. Вчера одејќи накај работа се разминувам со една госпоѓа на возраст од околу 70 години и ми го привлече вниманието бидејќи оддеднаш жената застана…

Фото: Илустрација

Си прозборе самата со себе “Оф леле,маската ја заборавив…Кој сега ќе се враќа до дома”…За човек на нејзина возраст верувам дека тоа е навистина напорно. Се вратив накај неа и и реков:

Фото: Илустрација

Не грижете се,јас ќе ви дадам…Случајно носам резервна нова за секој случај. И ја подавам маската и жената онака изненадена ми вели:

Фото: Илустрација

“Господ здравје да ти даде дете…Едно момче наспроти тебе,само убавини Господ да те дарува” Се насмеав и и велам Фала ви,имам момче. Да сте ми живи и здрави…

Фото: Илустрација

Оддеднаш жената се расплака и со солзи во очите вели “Не ми се верува дека ваква добрина ми се случи” И одговорив “Не е тоа ништо,ајде бидете живи и здрави и чувајте се”

Фото: Илустрација

Си продолжив по патот и одејќи се свртев назад накај жената и ја гледам си стои така гледајќи ја маската… Ме облеа некое убаво чувство,се почувствував толку гордо но истовремено и тажно…

Фото: Илустрација

Си помислив во себе колку се всушност луѓето кревки и желни за убав збор,за некој убав гест. Преморени се и преплавени од лоши вести,живеат во постојан страв и под притисок во многу бурно време.

Фото: Илустрација

Еден убав збор упатен некому или убав гест не чини ништо,а за возврат добивате благослов и убаво ви е на душата.

Фото: Илустрација

Во тој момент ми помина во умот и мојот покоен татко кој целиот свој живот не учеше да правиме добрини и да помагаме кога можеме.

Фото: Илустрација

Вчера беше Задушница и си реков овој гест е во твоја чест тато,ти си заслужен за тоа бидејќи чувството на емпатија е наследно и нешто што за жал не секој го поседува. И така вчерашниот ден јас и го разубавев на една прекрасна возрасна дама,а таа за возврат ме опсипа со благослови.

Фото: Илустрација

Чинете добрини секогаш кога можете бидејќи можеби тоа е единствената добрина што некогаш ја доживеале.“

Претходна статијаМаријан Стојаноски и честиташе роденден на сопругата на свој начин (ВИДЕО)
Следна статијаТоа беше посебна врска што долго траеше: Маја Оџаклиевска жали за загубата на драга личност