Маријан Стојаноски и честиташе роденден на сопругата на свој начин (ВИДЕО)

0

Маријан Стојаноски е еден од најинтересните ликови на домашната естрада, пејач кој е познат по својот добар глас.

Во последно време, тој не е активен на естрадната сцена, но не ја напушти музиката.

Маријан и сега пее, но во хорот на Националната опера и балет, иако поради пандемијата настапите му се доста поретки.

Маријан минатата година во Скопје се ожени со својата долгогодишна девојка, охриѓанката Наташа Каранџулоска. Маријан и Наташа планираа и свадба, но поради пандемијата планоовите мораа да ги одложат.

Во јули, Маријан Стојаноски стана татко, а убавата вест ја сподели на својот Фејсбук со пријателите и со фановите.

Тој преку фотографија на која штрк го носи бебето ѝ посака добредојде на ќерката која ќе се вика Вероника.

Маријан, кој е познат по хитовите „Ненаситен“, „Подарок“, и стиховите „Роденден, мала забава“ кои се пеат на родендени минатата година во декември ја побара Наташа за жена.

„Наташа е Охриѓанка и синоќа ја побарав за моја сопруга во интимна атмосфера.

Можам да кажам дека е нежна и женствена, едноставно исто дишеме. Во повеќето работи се сложуваме, да не кажам во се’. Медиумите не ми биле секогаш наклонети, сакам таа да живее мирен живот.“

Вака лани Маријан ја опиша својата Наташа. На нивната годишнина од бракот, таа го опиша него на начин на кој не го знаеме.

Се чувствувам сакано и благословено. Мојот најдобар пријател, мојата најголема љубов.

Најдобар човек на светот, кој ме инспирира секој ден. Среќна годишнина најдобар сопруг и татко на светот, рече Наташа за Маријан.

Денеска, Маријан ѝ направи изненадување на сопругата која слави роденден. Тој ѝ го испеа својот голем хит „Роденден“, и објави семејни слики со роденденска торта.

„Среќен роденден моја најмила“, напиша тој до сликите од семејната прослава.

Фото: Фејсбук на Маријан Стојаноски, Јутјуб принстскрин

Претходна статијаЈа немаше видено ќерката цели пет години, судбината ги раздели: Животната приказна на славниот актер од „Бољи живот“, Борис Комнениќ
Следна статијаОливера: Вчера одејќи накај работа се разминав со една жена која после мојот потег ме опсипа со благослови