Пејачката Тања Савиќ (35) со месеци минува низ постојана бо рба за повторно да ги види и прегрне своите синови, кои нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе во Австралија без нејзино знаење пред девет месеци.
Тања ги ангажираше најдобрите адвокати од Србија, но и од Австралија, каде поднесе туж ба против Душан, објави српска „Република“ минатата година.
Целата постапка и процес ќе ја чини Тања многу нерви, но и пари, кои ги нема во моментот, бидејќи нејзиниот сопруг, покрај децата, целата заштеда ја однел во Австралија, па семејството на пејачката многу ѝ помага.
Токму од таа причина, семејството на Тања наводно продало парче земја и и ги дало тие пари за да може да плаќа за адвокатите во Србија, како и во Австралија.
– Семејството повеќе не можеше да гледа како Тања страда и плаче секој ден! Тие одлучија да ѝ помогнат да продаде сè што поседуваат за да може да ги плаќа адвокатите и да ги врати децата дома – откри извор близок до семејството Савиќ и додаде:
– Имаа парче земја во Радинац и го ставија во оглас, наскоро се јави купувач и го продадоа земјиштето за 10.000 евра за Тања да ги покрие основните трошоци.
Судскиот процес веќе започна, кога по серијата барања што ги упати преку телефон, Тања ќе се сретне лице в лице со нејзиниот сè уште законски сопруг Душан Јовановиќ.
Мајката, која се бори за своите деца како лав, никогаш не престана да верува. И неодамна, за српските медиуми изјави дека чувствува дека правдата ќе победи и дека Максим и Ѓорѓе наскоро ќе бидат во нејзините прегратки.
Поддршка ѝ даваат коелгите, а меѓу ни е и Драгана Мирковиќ.
Од друга страна пак, сопругот Душан изјави дека и Тања можела да змине во Австралија со него и со синовите, но не сакала, а тој ги однел синовите за да ги спаси од вирусот.
– Само што го завршуваме ова поглавје. Среќна сум, се надевам на најдоброто. Верувам во Господ и во правда – рече Тања за „Блиц“.
Тања Савиќ се вклучи во живо на својот Инстаграм профил додека уживаше со своите пријателки во трговски центар. Таа одговараше на прашања од нејзините обожаватели, а некои од нив не беа многу љубезни кон неа.
Имено, еден фан изјавил дека Тања старее, што го направи пејачката да се чувствува лошо, а таа му одговори вака:
– Уф, тоа мора да е заматена камера. Луѓе, воздржете се од грди коментари не е ниту време ниту место да се напише на јавнен профил вакви нешта – рече пејачката.
Во својот лајф, Тања Савиќ се осврна и на проблемот со кој се соочи минатата година и откри дека постои можност наскоро да ги види своите синови.
– Децата наскоро ќе дојдат кај мене. A вие ќе бидете известени навремено. Како што заминаа, така и ќе дојдат – рекла Тања во нејзиното видео.
Фото: Инстаграм принстскрин