Избега во Египет и го смени името: Необичниот живот на пејачката која ја сакаше цела поранешна ЈУ

0

Иако беше позната како една од водечките музички ѕвезди во 1980-тите, Беби Дол го напушти Белград среде својата популарност и се упати кон Африка.

Четири години оваа пејачка пееше во египетски хотел, но и таму не ја познаваа со нејзиното вистинско име, што од нејзе познати причини, секогаш се обидуваше да го сокрие од јавноста.

Вистинското име на Беби Дол е Драгана Шариќ и таа има необична животна приказна.

Беби Дол важеше за принцеза за алтернативната музичка сцена. Но, таа пред неколку години ја изненади јавноста откако го смени името во Дана Тодоровиќ, пишува „Курир.рс“.

„Едноставно решив веќе да не се викам Драгана Шариќ, затоа што ми здодеа и затоа што сакам да започнам нов живот. Дана е моето црковно име, а презимето Тодоровиќ го зедов од сопругот.

Многу ми се допаѓа како ми стои и би сакала во иднина луѓето да ме викаат Дана“, изјавила Беби Дол.

Нејзината животна приказна е полна со подеми и падови, но и необичнни одлуки. Една од нив е и нејзиното бегство во Египет, каде што со години настапуваше во еден хотел.

Исто така, пред многу години, Беби го одби менаџерот на групата „Ју ту“, кој сакал од неа да направи светска ѕвезда.

Беби Дол се омажи за Александар Тодоровиќ во 2014 година, тој организираше тајна церемонија.

Најважната улога во нејзиниот живот ја изигра таткото Милисав, џез музичар. Поради него уште од мала многу патуваше низ светот. Уште додека имала три месеци, родителите ја носеле и по 1.000 километри подалеку од Белград.

Првиот ангажман за нејзиниот татко бил во Копенхаген. Свирел саксофон и флејта, а Беби одела со него на многу од патувањата.

„Имав вистинско џез-детство. И денес спијам како топ затоа што како дете бев приморана да спијам додека мојот татко вежбаше на саксофонот“, изјавила Беби која џепарлакот го трошела на плочи.

„Името Беби го смислив за да го заштитам семејното име, за да не се провлекува низ медиумите“, изјавила пејачката.

Во 2013 година, нејзиниот татко открил дека не му се допаѓа ниту една песна од ќерката, и дека жали што нема внуци. „Драгана е лудило, таа си има свои филмови“, рекол таткото на пејачката.

Таа е позната по многуте хитови и но како последниот претставник на Југославија на Евровизија со песната „Бразил“ во 1991 година.

Фото: Инстаграм и Јутјуб принтскрин

Претходна статијаПријовиќ ќе снима на дестинација која никој од естрадата не може да си ја дозволи
Следна статијаГаздата ми се развика зошто ми падна ајнцерот – сето тоа го виде и слушна гостин кој потоа ми го смени животот