„Ти си мое дете, немој да имаш некој проблем, а да не ми кажеш“ – Анѓелко Трпковски проговори за Трифун Костовски

0

Трифун Костовски, еден од најпознатите македонски бизнисмени и добротвори, со сигурност, ги преживува најсложените денови во неговиот живот, по згаснувањето на неговата Еуростандард банка.

Обично, на човек кога му е тешко, неговите блиски прават да му е уште потешко. Сите ние сме заклучиле дека пријатели се малку и повеќето од нив не биле вистински. Но, очигледно во случајот на Костовски не е така.

Речиси секојдневно, на социјалните мрежи се појавуваат сведоштва од луѓе на кои Трифун им помогнал, а тој ги реобјавува на својата страна на социјалните мрежи. Еве уште една таква исповед од Анѓелко Трпковски:

„На свои 15-16 години, во далечната 2005 година имав среќа да запознаам еден прекрасен човек – господинот Трифун Костовски. Јас како ученик во средно угостителско училиште, бев на пракса во Град Скопје уште пред тој да стане градоначалник.

Тој не затекна на пракса и со задоволство ме задржа и ми пружи родителска љубов. За него бев и се уште сум негово дете. Најважните работи во животот ги научив покрај него, а тоа е чесно и вредно да си ја работам работата.

Во 2006 година татко ми (лесна му земја) кој имаше шеќер, изгубен вид, а на крај му откажаа и бубрезите, мораше итно да започне со дијализа. Здравствените институции во Скопје ме одбиваа со образложение дека нема слободно место. Сфатив дека ако не си близок до власта се е џабе.

Среќа што Господинот Костовски толку многу ни посветуваше внимание и љубов па требаше само да не погледне и да знае дека нешто не е во ред. Во 2006 година кога едно утре му го послужив неговото утринско кафе (капучино, кока кола и натрен) ме погледна и знаеше дека нешто не е во ред.

Ме праша и му го кажав проблемот со мојот веќе покоен татко. Тој се нафати да го среди прашањето со татко ми и тоа беше решено веднаш. Како негов стажант, келнер, бев запознаен со неговото филантропство кое секојдневно го практикуваше. Човек со сите вредносни човечки карактеристики.

Би кажал нешто и за играњето фудбал. Игравме два пати неделно и иако убедливо најмлад во лигата Диносауруси се чувствував среќен и рамноправен помеѓу пријателите на Костовски кои беа многу искусни играчи.

По натпреварите следуваше трето полувреме во некоја меана, со добра музика, опуштена атмосфера и големо друштво. Господинот, таков каков што е, е обичен човек кога ќе станев да си заминам од „третото полувреме” и ќе се поздравев со него, секогаш ме испраќаше со зборовите:

„Дете мое, знаеш дека ти си мое дете немој да имаш некој проблем, а да не ми кажеш“. После таквите зборови, си заминував среќен, бидејќи ја чуствував родителската љубов од Господинот Костовски.

Ти благодарам Господе што 16-17 години растам покрај ваков човек. Текстот го завршувам со една народна поговорка: „Подобро да ме обесат за лојалност, отколку да ме наградат за предавство“.

Претходна статијаПознатата српска актерка лута напушти прес конференција зашто ја прашаа за новиот дечко
Следна статија(ФОТО) Јована од „Сител“ објави слика со мајка си, си личат ли?