Силна жена не се раѓа, животот ја прави таква – а кога ќе стане таква, никогаш не трча по овие работи

0

Силна жена не се станува преку ноќ и таа не се раѓа таква, силната жена ја моделира самиот живот, ставајќи пред неа бројни предизвици.

Таа сфаќа дека работите на кои им се спротивставувала и со кои се борела во животот се токму оние работи кои морале да и’ се случат, за да може таа да расте и да оди напред.

Силната жена исто така, сфаќа дека е бесмислено постојано да се трча по работи кои нема да и’ помогнат да напредува во животот. Затоа, една силна жена нема да трча по следниве седум работи.

МАЖИ. Таа има доволно самодоверба за да знае дека вистинскиот маж ќе се појави во нејзиниот живот, тогаш кога за тоа ќе дојде време. Знае дека во својот живот заслужува маж кој ќе се потруди да и’ покаже дека навистина, искрено ја сака.

ЉУБОВ. Силната жена знае дека е невозможно да се трча по љубов. Таа знае колку е важно човек да се сака себеси и да биде во хармонија со самиот себеси. Силните жени сами себеси се доволни. Тие не трчаат по љубов, тие едноставно остануваат отворени за неа.

ЛУЃЕ. Силните жени не трчаат по други луѓе, без разлика дали станува збор за фамилија, пријатели, колеги или за било кој друг во нивниот живот.

Секогаш ќе се трудат околу луѓето за кои се грижат и ги сакаат, но кога тоа внимание нема да им биде возвратено, едноставно ќе се откажат.

ОДОБРУВАЊЕ. Одобрување од другите луѓе е нешто што силната жена никогаш нема да го направи. За неа тоа е губење време и енергија.

Силните жени не бараат туѓи оправдувања за своите постапки, тие ги бараат само своите. Не ги интересира ниту туѓото мислење и туѓите ставови и знае дека другите луѓе не ја дефинираат.

ПАРИ. Таа знае дека парите не ја купуваат среќатата. Таа не трча по пари, туку се фокусира на своето внатрешно растење. Силната жена вложува во себеси, бидејќи знае колку тоа е важно.

СРЕЌА. Силната жена не трча по среќа, знае дека само таа и единствено таа е одговорна за сопствената среќа. Таа знае дека среќата се наоѓа во патот кој ќе го одбере и начинот на кој ќе го живее својот живот.

УСПЕХ. Силните девојки и жени не трчаат по успехот. Во својот живот тие го привлекуваат успехот така што работат на себеси, подобрувајќи се секојдневно. Тие се трудат и работат вредно, бидејќи знаат дека нивниот труд ќе се исплати.

Претходна статијаИгор Александров од Австралија бара дуел со Љубчо: Не сум историчар, но не е ни тој
Следна статијаСиливе ми се на крај, многу месеци се борам: Најпопуларниот јутјубер во Македонија прозборе за својата мака