Тони Михајловски и Јанко Јади бурек на Фејс: Барем еднаш годишно бујрум

0

Тони Михајловски неодамна зборуваше за својара работа, и откри дека повеќе работи во Србија отколку во Македонија.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Последно во Македонија беше „Стела“, првиот детски филм снимен пред две години.

Пази, првиот македонски детски игран филм. Што се ти кажува, како се работи? 2019.

А, пред него, шест години немав снимено, од „До Балчак“, потоа го снимив „Стела“, и сега повторно две години сум тука во пауза.

Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ ја снимавме, тоа е нешто најново што се спрема сега, се монтира“, рече Тони во Еден на Еден за својата работа во Србија.

Познатиот актер зборувал и за неговото членување во партијата ВМРО- ДПМНЕ, и на прашањето дали ВМРО и СДСМ имаат за нешто да се согласат, тој одговори:

– Очигледно дека не. Посебно последниве политики, ние сме против промена на име, заедничка историја. Па, има борба и понатаму.

И некој на Гоце Делчев му рекол: Па, 500 години сме, дај издржи малце. Он рекол: Дај, ќе се бориме и понатаму“.

Запрашан што мисли за партијата Левица, Тони одговори на начин што кажува многу за тоа какво мислење има за партијата и за нејзиниот лидер Димитар Апасиев.

Жаре го интересираше и како изгледа неговиот ангажман во ВМРО ДПМНЕ, па Тони зборуваше за своето учество во 2 партиски тела, за теренската работа, за тоа кој му е најубавиот дел од работата и каде мисли дека има најголем придонес тој, како уметник и политичар.

„Јас сакам да учествувам во делот на културата, таму да ги поправам грешките. И тоа, не само заради мојата партија, туку и понатаму сите да функционираат по тој принцип, кој би бил европски, нормален, човечки…“, објави Курир.мк.

Потоа, Тони го спомена и својот бурен живот кој го живеел поради работата пред неколку години, во времето кога живеел само од свирките со екипата на неговата емисија „Опуштено“.

„Од дискотека до дискотека, сме имале свирки четврток, петок и сабота“, рече Тони. Потоа на прашањето дали имал разбирање од поубавата половина, тој рече:

– Апсолутно, како не, основни приходни ни беа. Мислам, мои приходи, јас немав други приходи освен тоа.

Она си работеше, меѓутоа и јас морав да придонесам нешто, дома мораш да донесеш парче леб“, изјави глумецот.

Тој исто така најави дека наскоро ќе се врати со негвото познато шоу „Опуштено“, која овој пат ќе се вика „Опуштено со Тони“.

На Инстаграм профилот на емисијата веќе е најавено дека Тони на ТВ како водител се враќа овој петок, на ТВ Алфа во 22.30.

Тони објавува слики од пробите со пејачката Нина Јанева, која и претхдно беше дел од овој ТВ проект, а објавува и некои ретро фотографии од претходните гостувања на познатите личности.

На Фејсбук, Тони Шанац имаше интересна преписка со својот колега Јанко Илковски- Јади бурек.

Тони во еден од коментарите вели: Јанко, се надевам дека ќе ми ја прифатиш поканата за гостување. „За покана кај тебе?

Увек, се враќаш на ТВ ќе имаш емисија? ЈЕЕЕЈЕ“, одговара Јанко, и потоа и тој го кани Тони во „Јади бурек“.

– Ако не кај мене у секое време, знаеш, барем еднаш годишно бујрум“, одговори Јанко- Јади бурек.

Фото: Фејсбук- Тони Мијаловски, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаВеќе не е прашање дали, туку кога српските граѓани ќе можат да одат во Грција на одмор – во игра се два датуми
Следна статијаПоважни ви се бифтеците и лешниците од народот: Познатиот пејач понуди решение за ситуацијата