Милан Бакев: Трифун Костовски ми велеше вака – Баке, не ми требаат мене пари да седам сам, туку со другарите во кафеана

0

Познатиот бизнисмен, добротвор и поранешен градоначалник на град Скопје, Трифун Костовски, по пропаѓањето на неговата Еуростандард банка, се соочува со можеби најголемите премрежја во неговиот живот.

Фото: Јутјуб принтскрин

Токму во овие моменти, на Трифун му е важна поддршката од неговите пријатели, познаници, како и познати и непознати луѓе на кои им помагал. Тоа се гледа и од објавите на неговата фан страна на социјалните мрежи.

Фото: Јутјуб принтскрин

Една од последните вакви објави е наречена ДРУГАРУВАЊА.  Милан Бакев и Трифун Костовски

Милан: Со Трифун сме познаници уште од гимназиските денови. Ова познанство премина во другарство кое трае со децении. Да бидеме на јасно, човек како Трифун немало и нема да има наредни 150 години. Не го зборувам ова како другар, тоа сите го знаат.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој е добротвор во секој поглед. Една негова реченица секогаш ќе ја помнам: Баке, не ми требаат мене пари да седам сам, мене ми требаат пари да седам со другарите во кафеана! Сме оделе на одмори, каде што не носел и преку 100.

Фото: Јутјуб принтскрин

Понекогаш сум нервозен кога читам што сè се случува и што му прават … Игравме фудбал со години, и се до своја 69 година заедно игравме. Има невиден дух, ако треба 10 минути ќе потрча само колку да се дружи со пријателите, иако го одликува голема кондиција.

Фото: Јутјуб принтскрин

Трифун: Мојот другар Баке е еден од тројцата мои најблиски другари кои тренираа и играа во фудбалските клубови во Македонија и тие што ги познаваат за нив имаат високо мислење првенствено како таленти, фудбалери и на крајот како луѓе.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тоа се мојот покоен пријател Мишо Богоевски, Љубиша Георгиевски – Цили и Милан Бакев. Сите играа на одредени позиции во тимот. Мишо беше нешто слично а ла Меси, извонредна техника, елеганција и осет да проигра, а посебно да даде гол. Цили беше стопер и везен играч.

Фото: Јутјуб принтскрин

Фудбалот го разбира во детали, секојпат имаше најрационални решенија во која било состојба, а за Баке. Тој беше побрз од ветерот.

Фото: Јутјуб принтскрин

Играше на крилна позиција, прекрасно чувство да се најде на право место и да постигнува голови, меѓутоа на секоја утакмица мораше да си става во гаќите по 2 кила камења, бидејќи се плашевме дека ветерот ќе го дигне.

Фото: Јутјуб принтскрин

Пријатели, ова се другарски шеги, кои денеска остануваат само како спомени од едно прекрасно минато. Да го имаш Баке како пријател и другар е големо богатство. Со своето мудро и рационално размислување, а исто така е човек којшто нема никаков страв во себе.

Фото: Јутјуб принтскрин

Од денешен аспект ни недостасуваат фудбалските натпревари, каде ги делевме на прво, второ и трето полувреме. Да помине пандемијата ве уверувам дека ќе се вратиме повторно на истиот терен и може да се случи да го скокнеме второто полувреме, а првото и третото никако.

Фото: Јутјуб принтскрин

Првото полувреме значи истрчување на терен, спремни за игра, а третото полувреме е во кафеаната кај Вршац или кај Попе од Работнички. Другар, не сме се виделе повеќе од 6 месеци, живееме во ист град, доаѓа пролет, а со пролетта сметам дека ќе дојде и нашето другарување.

Фото: Јутјуб принтскрин

Свилен конац или Мој Милане ќе си ги вратиме во нашиот репертоар. Да дополнам, Баке е прекрасен сопруг, прекрасен родител и прекрасен дедо.“

Претходна статијаПознатата водителка откри: Имав 37 килограми и се радував кога стигнав до 40
Следна статијаКајмакоски објави слика со браќата со кои е многу сличен: Сите тројца на различни страни од светот