Дац: Ако вирусот мутира со македонец, маф ни е работата

0

Еден од нашите најголеми и најпопуарни актери, свовремено и дитектор на МНТ, Драган Спасов- Дац е исто така и еден од најпопуалрните ликови на Фејсбук. Неговите статуси луѓето знаат секогаш да ги насмеат.

Во последно време, тој е актуелен по дуото со продуцентот Александар Митевски, и имаат снимено неколку песни.

Најголем хит им е „Уште ми фалиш“, а според оваа песна се вика и емисијата која се емитува на Јутјуб, во која разни познати личности од повеќе сфери раскажуваат свои приказни од детството, од младоста, но и пеат како дел од сценариото.

Откако ја снимија песната „Корона чао“ која си ја пееше бугарскиот премиер Бојко Борисов, песната стана хит во Бугарија, а бугарските медиуми често пишуваа за ова дуо.

Потоа, Дац му напиша писмо на Борисов дека првите коимшии треба да си помагаат. Дац во интервју за slobodna.tv го искоментира бугарско-македонскиот однос, во свој стил.

– Прашањето ќе се реши, ќе се среди се. Он (Борисов) и самиот има проблеми во својата земја, така што мора да игра и да седи на две столчиња додека не среди кај него. Не може да гледа да намести кај нас, а кај него да биде ха ос. Кога ќе среди кај него ќе се средат и работите.

Јас сум убеден дека нема да трае ситуацијата како онаа со Грција и сметам дека ќе биде многу полесно. Затоа и му го напишав она писмо каде што реков дека првите комшии се тие кои што мора да си помагаат“, изјави актерот.

Една неодамнешна Фејсбук објава на Дац е напишана на многу интересен начин, а е поврзана со љубовта и со актуелната најава за почетокот на имунизацијата.

Гледам една женска на клупа во парк и се гледаме како да сме вак цинирани. Јас почнувам муабет… Кои витамини пиеш? Таа вели срамежливо, највеќе сакам витамин Ц од 1000 и витамин Д 4000 интернационални единици. Јас онака охрабрен и викам, Селен пиеш?

Вели понекогаш од 100тка… И така се шмекаме некое време и јас вадам Аспирин 100тка. Кога го виде се попали и ми вели каде ќе одиме, кај мене или кај тебе? Јас и велам, одиме кај мене вчера озонирав. Се воодушеви, само што не потрча.

Дојдовме до кај мене, легнавме, опнавме по еден Цинк 30ка и онака гледаме во таванот, а она ми вика ептен срамежливо, да не имаш Иве рмектин случајно?

Јас и викам како не, со еден аптекар имавме задно лежено во болница и од тогаш сме многу блиски, правиме муабет на еден метар дистанца. На еден метар! Викна од среќа и ја симна маската, визирот и заштитната облека. Земи ме, викна!

И јас ја земав и ја однесов дома!… Она мене маска ќе ми вади во моја куќа! Додуша и негативен бев, “таму доле”, напиша Дац и орасположи многу луѓе.

Сега, Дац коментира за мутираните вируси кои владеат низ светот, повторно на свој оригинален начин:

– Се појавија Јужноафрикански, Бразилски, Британски мутиран вирус на ко вид…

Мене највеќе ме фаќа страв ако ко вид мутира со македонец, тоа ќе биде најлошата комбинација од која ќе нема спас. Отиде светот!“

Дац и Александар пред неколку дена промовираа нов интересен проект кој се вика „Љубоевн пасош“ и најновото од нивната музичка работилница е обработката на „Јовано јованке“ и тоа како соработка со четири згодни бугарки „Дестини квартет“.

Слушнете ја безвременската “Јовано, Јованке” создадена на релација Скопје – Рим – Софија , со многу љубов! Да! За љубовта – да шириме позитивна енергија!

Да! За уметноста – да создаваме нешта кои ќе се паметат! Да! За “Љубовниот пасош” – за кој не постојат граници! Destiny Quartet, Александар и Дац Споделувајте ја љубовта“, напишаа Дац и Александар на нивната Фејсбук страница. Видеото можете да го видите ТУКА

Фото: Јутјуб принсткрин, Фејсбук профил на Драган Спасов- Дац

Претходна статијаНаум Петрески: Живеам од платата на жена ми, во минус сум 60 илјади
Следна статијаЛенче Кукиќ: Кога ни даваат бакшиш им викаме, Господ да ве благослови