Фросина Ременски направи голем потег на својот роденден – нахрани преку 300 луѓе (ВИДЕО)

0

Поранешната министерка за труд и социјална политика, потпретседател на Парламентот и пратеник, професорката Фросина Ременски, завчера славеше роденден. По тој повод, таа се обрати на својот профил на социјалните мрежи:

„Денес кога полнам 44 години имам една желба што ја повторувам секоја година – да сум жива, здрава и среќна заедно со моите три сопругот Јовче, синовите Петар и Никола; моите родители и сите мои блиски и драги, незаменливи пријатели.

Стареењето го сфаќам како процес на созревање (во секоја смисла) и поттик за обновување на младешкиот дух што не’ држи витални и храбри да се радуваме на сите успеси и да ги совладуваме сите предизвици.

Моите години ми донесоа многу радост, љубов, успеси и храброст за совладување на сите препреки.

Благодарна сум за се’ што имам, и посакувам радост и успеси на сите што ме познаваат и ме почитуваат!

Благодарам за сите убави честитки и желби. Ги возвраќам двојно! Да сме живи и здрави и да славиме/честитаме долги години убави поводи!“

Но тоа што го направи вчера, заслужува секаква пофалба и пример кој треба да го следат многумина од јавниот живот. Имено, Ременски отиде во народната кујна во Шуто Оризари и со помош на тамошните волонтерки, подготви преку триста оброци за оние кои немаат каде да се прехранат. Фросина овие луѓе ги почести и со парче торта. Еве како тоа изгледаше:

„Хуманоста и солидарноста како цивилизависки вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација.

Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед. Семејствата што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна имаат потреба од нашата помош.

Денес во Шуто Оризари видов како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна сум што ја прифатија мојата понуда за помош што ми значи и мене, и на нив и на заедницата.

Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари со песна готвевме заедно со тетка Перјан, Сафија и Неврија. Подготвивме и спакувавме 320 оброци и по парче торта за мојот 44 роденден.

Пред народната кујна не пречекаа повеќе од 300 жители на Шуто Оризари. Редот пред дистрибуцијата ја правеа Марсел и Селдат, а храната ја дистрибуиравме со Анет, Фадиљ, Ружди, Ќамуран и Шенго. За фото беше одговорен Фуат.

За истакнување е што сите вработени во Општината Шуто Оризари со голема љубов и посветеност одвојуваат еден час од работното време за дистрибуцијата на храната за своите сограѓани.

Посебна е посветеноста на Fatima Osmanovska без која многу од работите во кујната нема да бидат така. Моето прекрасно искуство ќе го повторувам секогаш кога треба и може да се помогне за нашите сограѓани.

Ги повикувам сите хумани граѓани, јавни личности и функционери да помогнат за секоја хумана активност што ќе израдува деца и семејства. Ако го искорениме гладот, можеме да кажеме дека сме направиле нешто за заедницата и човекољубието.

Претходна статијаПознатиот актер за Мијалков: Требит за ЦАР да го прогласиме
Следна статијаФуфо се отвори за коцката – откри детали кои јавноста не ги знаеше (ВИДЕО)