Мијалкова за сопругот Сашо: Надворешниот лик не кажува за тоа какви се луѓето

0

Примабалерината Александар Мијалкова не често ја има во медиумите, но секогаш е интересна, и поради нејзината работа и професионални успеси, но и поради сопругот, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Мијалкова беше гостинка во Тв Сител, на гости на емисијата „Магазин“ со новинарката Јана Серафимова, и зборуваше за нејзиното секојдневие во пандемијата и воопшто за животот..

– Ние долги години сме заедно, и нашата поддршка взаемна била. За да бидеш успешен, терба да имаш поддршка и од сопругот и од децата.

На него сепак му било полесно со балетската уметност, отколку на мене со неговата работа, и со притисоците што се случуваат. Мене ми било потешко, бидејќи спецификата е таква. Уметноста е почиста, поубава.“

Мијалкова рече дека и покрај обврските, таа и сопругот секој ден наоѓаат време само за нив. „Пиеме кафе заедно, разговараме за нештата коишто не опкружуваат, и се дружиме со децата заедно. Секогаш мора да се најде време за убав разговор“.

Александра за својот сопруг зборуваше и во едно интервју во „Бекстејџ“. „Ме освои со неговиот шарм и харизма што ја има, тоа беше многу одамна, излегувавме заедно, се дружевме со моите колешки балерини, одевме по дискотеки како сите млади“, се присети Мијалкова.

За нејзе момент кој нема никогаш да го заборави од сопругот, а тогаш момче е на нејзината прва претстава.

– Бев млада, имав 18 години и за првпат тогаш добив главна улога, во претставата „Гилгамеш“ ја играв девојката. Интересно е што на крајот, кога се поклонувавме а Сашо беше во Прага бидејќи таму студираше, добив еден голем букет и телеграма која беше од него и тоа беше прекрасно чувство- раскажа примабалерината Александра.

Таа многу се израдувала дека сопругот истемпирал таа да ја добие телеграмата токму по претставата. „Тогаш бев многу заљубена ине очекував дека тоа ќе се случи. Кога во гардероба ја отворив телеграмата од Прага, бев многу среќна“.

Мијалкова рече и дека нивната свабда била многу весела, со најблизок круг на пријатели, а она што ги одржува и после толку години во брак е флексибилноста.

– Многу весела свадба имаше, бидејќи имаше многу балерини, а кога се балерините присутни тогаш значи дека веселбата е уште поголема. Флексибилноста е еден од клучните фактори за успешна врска или брак.

Треба разбирање, треба хармонија, меѓутоа двајцата треба да работат на тоа за да биде нели успешен бракот“, рече Мијалкова.

Со синовите Јордан и Александар има пријателски однос и тие ја доживуваат како постара сестра, а изјави и дека сака да биде свекрва со разбирање и млада баба. Потоа, таа зборуваше дека Сашо Мијалков е романтичен и често ја изненадува.

– Често ме изненадува, иако не изгледа дека е таков, таква му е професијата. Таква му била професијата. Меѓутоа, надворешниот лик не е тоа што кажува какви се луѓето“, рече неодамна Мијалкова во „Бекстејџ“.

Фото: Јутјуб принсткрин

Претходна статијаСузана Манчиќ се најде среде невреме во Грција
Следна статијаЈелена Јованова објави интересна слика која ги „стопи“ младите мајки