(ФОТО) Купија двокатен автобус за мали пари и го претворија во луксузен дом

0

На социјалните мрежи, многу често можат да се видат видеа и фотографии од инвентивни луѓе, кои успеваат од ништо да направат нешто.

Но најинтересни се оние трудови, кои од стари комбиња, приколки, камиони, а сега и автобуси, прават удобни и неретко луксузни места за живеење или патувања.

Таков е и примерот на Чарли Меквикер и нејзиниот партнер Лук Вокер. По одлуката да живеат заедно, нивен најголем проблем беше решавањето на станбеното прашање.

Бидејќи, живеењето во куќа, подразбира издвојување големи суми пари месечно. Па затоа тие се одлучија за поинаква алтернатива.

Бидејќи таткото на Чарли поседувал земјиште во англискиот регион Есекс, парот сметал дека не е лошо да се искористи за нивниот дом.

Бидејќи не се дискутираше за изградба на куќа, тие дојдоа на идеја да паркираат голем двокатен автобус на имотот и да го преуредат за да може да живеат..

Инспирирани од ТВ-шоуто „Неверојатни простори на Џорџ Кларк“, Чарли и Лук започнаа со работа.

Една година подоцна, поранешниот автобус се претвори во куќа од соништата и тие беа во можност да се преселат во неа.

Автобусот што го купија, беше на улиците во Лондон само неколку месеци порано. Тие двајцата не работе сами.

На неговото ремоделирање работеа и искусни мајстори, кои им помагаа при инсталации и сè друго што бараше ниво на компетентност што тие го немаа.

На приземјето на поранешниот автобус сега има кујна, работна површина, гостинска соба и тоалет, а на првиот кат има када, плакар и спална соба.

Најголемиот проблем со кој се соочиле Чарли и Лука откако се вселиле било несоодветно греење, со оглед на фактот дека просторот бил опколен од сите страни со прозорци.

Сепак, тие брзо го решија тоа со купување силен грејач на подот и печки за приземјето.

Кога ќе се изморат од тоа да бидат во нивниот двокатен дом, Чарли и Лук можат да уживаат во околната природа. Во нивна непосредна близина, има прекрасно езеро, кое е совршено за романтично патување со брод.

Автобусот што го купи овој пар чинеше 2.500 фунти, а за неговата пренамена мораа да издвојат 15.000 фунти.

Сепак, тие се воодушевени од сработеното, па Чарли за овој потфат изјави: „Не жалам за вложените пари и труд. Мислам дека ова е најдоброто нешто што го направивме јас и моето момче..

Извор: Боред Панда Фото: Инстаграм Dubledeckerhome

Претходна статијаВељко Ражњатовиќ го нарече Балашевиќ предавник, Карлеуша имаше што да му каже
Следна статијаСузана Манчиќ се најде среде невреме во Грција