Андријана: Вратете ѝ го паричникот на мојата сверкрва, не како на татко ми кој остана без две пензии

0

Познато е дека Андријана Јаневска е еден од најкомплетните музичари во нашата држава, мајка на две деца, сопруга на Гино, кој е исто така музичар, поранешен член на групата „Архангел“.

Во последно време, поради добро познатите причини е послабо активна на естрадата, но е константно музички активна. Андријана работи како виолинист во МОБ, и е доцент на Факултетот за музичка уметност. Освен тоа, има свое приватно музичко училиште.

Андријана и сопругот Драган Гиновски- Гино, живеат во населбата Бардовци, и многу време посветуваат на уредување на дворот. Имаат два сина, Димитар и Кристијан. Андријана лани, за порталот „Локално“ даде свое мислење за забраната на настапите на нејзините колеги.

–Прво, не смеат да страдаат сите локали и сите музичари заради неколку газди кои не ги почитувале мерките. Второ, нема никаква логика настапите на музичарите да бидат забранети, а во истовреме да биде дозволено да се седи во кафичи без маска, да се редуцира возниот ред на ЈСП, да има невидени гужви пред банките, да се отворат границите…

Трето, според сегашните протоколи, изводливо е да се организираат настапи на нашите музичари низ Македонија во домовите на култура со почитување на мерките“, изјави Јаневска. „Кај мене немаше некоја драстична разлика затоа што јас сум вработена како прва виолина во МОБ.

Настапивме на Охридско Лето, одржавме неколку концерти пред платото на МОБ, а веќе следната недела на репертоарот е Травијата.

Но, на колегите музичари кои не се редовно вработени и чии единствени приходи им се од настапите, периодов им беше екстремно тежок.

Замислете, тоа е како некој да ви забрани да работите, а во исто време не ви дава никаква друга опција. Затоа, ја имаат мојата целосна поддршка“, објасни Андријана за своите колеги.

Вчера Андријана реобјави снимка од гостувањето на Хрватската радиотелевизија, во истиот период за кој пишувавме погоре. Таа ја исполнува безвременската „Македонско девојче“ и го прави тоа на маестрален начин.

Андријана денес објави статус во кој зборува за еден немил настан, за нејзината сверкрва која живее со неа, која ја огра биле во Скопје. Андријана јавно го објави својот телефон на Фејсбук, со цел да ѝ помогне на својата свекрва.

– Денес нешто пред 10 часот на мојата 82 годишна свекрва Радмила Гиновска и’ го снемува паричникот во KAM MARKET Буњаковец.

Веднаш се јавив во Стопанска банка да ја блокираат картичката, но сепак, би било најдобро доколку некој од вработените во Кам маркет Буњаковец или некој чесен граѓанин го пронајде паричникот да ме исконтактира во порака или на телефон: 075460704.

Се надевам дека има камери и дека функционираат. Свекрва ми била облечена во виолетова јакна, а паричникот бил ставен во црна платнена торбичка. Секој совет е добредојден.

Јавување во полиција не е некоја опција бидејќи лани кога на татко ми му го украдоа паричникот во ЈСП, и покрај сите документи кои ни ги побараа, ништо не се направи и човекот си остана без две пензии. Ви благодарам на сите“, напиша Андријана.

Фото: Фејсбук на Андријана Јаневска, Јутјуб принстксрин

Претходна статијаПознат музичар напиша отворено писмо до Заев: Не дозволувајте да згасне историјата
Следна статијаВељко Ражњатовиќ го нарече Балашевиќ предавник, Карлеуша имаше што да му каже