(ФОТО) Среќен да ти е, сонце мое – пејачката и водителка Андријана Алачки среќна во прегратка на внуката

0

Адријана Алачки е омилена кај сите генерации поради специјалитетите кои ги готви во кујната на нејзината емисија „Вкусот на традицијата“. Таа неодамна повторно се спои со својата колешка Ирена Спасовска.

– Песните по кои беа познати се „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Дваесет и пет години откако веќе не настапуваат заедно, двете дами велат дека го одржуваат пријателството.

Адријана и Ирена пред извесно време се дружеа во еден домашен спа центар и евоцираа спомени од старите времиња. Сега, „Вкусот на традиција“ повторно ги спои Ирена и Адријана. Како во старите добри времиња, двете пејачки пак заедно, но овај пат не пред микрофон, туку во кујната. Ирена со фотографии се пофали на Фејсбук.

Здравиот начин на исхрана таа го промовираше кај Адријана во еисија и зготви вегетаријански оброк, по кој Адријана го рече нејзиното познато мх,мх, мх.„Вегетаријански специјалитето, лазањи со тиква и полнети и печени компири.

Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент во оваа емисија“, напиша Ирена на Фејсбук. Можеби оваа кулинарска дружба ќе ги натера двете пријателки повторно да запеат заедно, никогаш не се знае.

Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана. Надвор од професионалните обврски, познатата пејачка на народна македонска музика е посветена мајка и баба.

Неодамна, Блгагоја прослави роденден, а Адријана на оригинален начин му честиташе на својот син.

-Синко, кога беше мал беше едноставно да ги искажам желбите за тебе и остварам. Но на возраста на која си сега желбите од мајката се непроменливи, но се е во твоите раце за нивната реализација.

Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе. Биди ми здрав и жив, напиша Адријана.

Минатата година, Адријана има друга причина за славење. Нејзиниот син се сврши со својата сакана, и изгледа дека наскоро ќе им игра на свадба. Алачки објави слика од запросувањето на синот и напиша: „Моменти за кои живееме, кои ни даваат смисол на животот…ерупција од емоции…како што доликува со сите нишани.

Да им е вечна љубовта, да имаат убав збор еден за друг, семејството да им биде столбот, слогата да им е секојдневие.да бидат добар пример на своето поколение, како огледало да се огледуваат во нив“, напиша Алачки.

„Граци сине, ти си мојата причина за среќа и за постоење. Ти си мојот најголем успех. Доаѓам во состојба, од она тоа што си ТИ денес: човек, мајка, сопруга, реализирана професионално, да учам јас од тебе сине. Си ги препознавам моите успеси и грешки следејќи те тебе како мајка, како жена, со сите вредности.

Можам да кажам со еден збор, ти благодарам ќерко моја што со крената глава одам секаде. Ти си мојот образ и чистина. Да си ми здрава и жива и биди среќна бескрајно со твојот пород и семејство. Среќен роденден душа мајкина“, објави Адријана за роденденот на ќерката Грациела.

Јана, сонцето бабино. Среќно дете на Грациела и на Игор Димовски. Тоа со зборови не се искажува. Прекрасни и грижливи родители, секоја чест. Ја гледам недоволно колку што сакам и колку што имам потреба.

За мене е најубавиот момент кога Јана ќе дојде кај баба и кај вујче на гости. Целото внимание е кон неа, рефреш состојба“, изјави пејаката и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“ во интервју за Женски магазин.

За неколку дена, внуката на Алачки, Јана ќе наполни шест години и Алачки сподели спомен на Фејсбук од славењето пред две години, со кои ѝ го честита роденденот на внуката. „Среќен да ти е , сонце мое“, напиша таа.

Претходна статијаЦеца се прости од Балашевиќ со емотивни зборови – Дино Мерлин запеа во кола (ВИДЕО)
Следна статијаЛидија Вукиќевиќ позираше во када: Без филтер, ве молам (ФОТО)