Каква е поврзаноста на Парис Хилтон и Александар Маленко

0

Светот веќе долги години се занимава со бурниот живот на познатата америикасна наследничка Парис Хилтон. таа е сега во фокусот на јавноста откако се сврши по четврти пат.

Нејнзиното срце го освои четириесетгодишниот бизнисмен Картер Рим. Тој ја запросил Парис, познатата наследничка на хотелскиот гигант „Хилтон“. Тоа се случило на неговиот приватен остров на 13 февруари, по едногодишна врска. На Парис Хилтон ова ѝ е четврта свршувачка.

Рим на својата избраничка ѝ дал дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од Жан Дусе, правнукот на Картие, само еден викенд пред нејзиниот 40-ти роденден.

– Возбудена сум за следното поглавје, имам партнер што ме поддржува. Во нашата врска сме рамноправни. Заедно сме подобри луѓе. Чекањето вредеше, апсолутно – изјавила Хилтон за „Вог“.

Кога ќе ја пронајдете вашата сродна душа, го знаете тоа. Го чувствувате тоа“, напишала Хилтон на „Инстаграм“.

За потсетување двојката се заедно речеиси една година. Првпат шпекулациите за нив излегоа во јануари минатата година, кога беа забележани на свеченостите на Златниот глобус. Двојката ја потврди врската на „Инстаграм„ во април.

Ова ќе биде прв брак за Хилтон, иако досега неколку пати се свршуваше. Со нејзиното поранешно момче Крис Зилка ја раскинаа свршувачката во ноември 2018 година.

Претседателот на македонската пливачка федерација, Александар Маленко е исто така секогаш актуелен во јавноста. Но, минатата година година, Маленко беше повторно во фокус поради она за кое излегле најмогу наслови досега – бракот односно разводот.

Имено, Маленко се разведе по четврти пат, овој пат од Фанче од Охрид која е сопственичка на хотел. Приказната започна со пишувањата дека Маленко во една утринска емисија открил дека извесно време не живее заедно со сопругата, напиша пред извесно време „Вистина.мк“.

По повод ваквите написи, во месец април реагираше Маленко во гостување на една телевизија: ,,Маленко се разведе од четвртата жена! Абе какви се тие ексклузивни пишувања за мојот приватен живот и за брак кој завршил пред 18.5 месеци или пред година и пол, како сакате, вели Александар Маленко, пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација.

Тој по гостувањето на Алфа телевизија каде, како што вели, само рекол –„сам сум“ ги натера медиумите да пишуваат за развод со сопругата Фанче од Охрид, со која ги има децата Доминик (6.5) и Елисеј (4.5).

-Со Фанче решивме да се разделиме пред година и пол и до сега никаде ништо не сум спомнал. Да, бевме седум години во брак, имаме две синчиња и бракот заврши со пријателска разделба, без трауми.

Животот продолжува понатаму, ние сме во комуникација и понатаму, а децата поради работата, бидејќи веќе три години живеам и работам во Скопје, не се секој ден со мене и не ги гледам како треба. Тие се со Фани и живеат во нашиот дом во Охрид. Нема драма, нема помпезност, нема ниту трауми.

По седум години брак се разделивме и толку. Тоа е наш приватен живот и никого не замараме. И нема потреба. Кому да му полагаме сметка, нема потреба од експонирање.

Мене само ми е смешно што никој не ми се јавил да ме праша и сега коментираат за нешто што се случило пред година и пол, вели пливачот. На Фејсбук објавува весели фотографии со своите наследници. Грижата за македонскиот спорт и за децата се негова главна преокупација.

Маленко објави и интересна слика на Фејсбук, со своја драга личност. Тоа е неговата колешка од Словенија, пливачката и тренер Метка Спаравец од Марибор. Под сликата, тој напиша: По 24 години, ние сме заедно како едно.

Сега на социјалните мрежи почнаа да се поврзуваат Парис Хилтон и Маленко и тоа на симпатичен и шеговит начин: „Парис Хилтон се вери по четврти пат.
Александар Маленко, дај појачај малку..“

Фото: Инстаграм Парис Хилтон, Фејсбук на Александар Маленко, Јутјуб принсткрин

 

Претходна статијаМелани на Соња и на Јохан Тарчуловски денес полни 16 години, убава на мајка ѝ (ФОТО)
Следна статијаУгостителите со план како да се одржуваат свадби: Музиката на 5 метри од првата маса