Тања Кочовска многумина ја нарекуваат царица, затоа што е одлична актерка, пејачка и жена со многу ведар дух секогаш.
Кочовска ја обожаваат децата кои ја имаат гледано во Тетарот за деца и младинци, и повозрасната публика во Македонскиот народен театар.
Во едно интервју за hybrid.mk, таа раскажуваше како се организира во текот на денот и колку многу ѝ значи нејизната професија и времето поминато во нејзиниот втор дом- театарот.
-Морам и се обидувам сè да завршам на време. Денот најчесто ми изгледа вака: станувам наутро, обавезно пред проба доаѓам во театар час и половина претходно, да се релаксирам, да пијам кафе, да дишам театарски воздух.
Потоа ми почнува проба, а по завршувањето доаѓам овде, играм претстава. Ако пробата ми трае пократко, во тој случај ги снимам синхронизациите и се така по ред. Генерално се обидувам да се движам по некој распоред кој ќе одговара на сите.
Тања е и фантастична пејачка, а како и да не биде кога потекнува од музичко семејство, нејзини родители се легенндарните „Мањифико“, дуото Невена и Панче Кочовски. Уште се памети нејзиниот огромен хит „Твојте очи мој сине“ од фестивалот „Макфест“, кој и денес се пее.
Тања е во брак со актерот Предраг Павловски, и е мајка на Александар и на Нела. Во септември минатата година, Тања и Предраг прославија 25 години брак, на Денот на верата, надежта и љубовта.
Тања на оригинален начин се пофали за годишнината на Фејсбук. Таа објави фотографија како на Предраг му мери притисок.
Пред неколку дена му беше роденден на Предраг, и Тања на само нејзин оригинален начин му честоиташе на својот профил на Фејсбук:
Тања кратко и јасно напиша: Среќен роденден колега, и објави слика од неа, од Предраг и уште од неколку нивни колеги актери.
На почетокот од минатиот месец, Тања и Предраг имаат посебна причина за среќа. Нивната ќерка Нела полни 25 години.
По сликата која ја објави Тања се гледа дека Нела е убавица и многу лични нас војата мајка кога била млада, но личи и на татко си Предраг.
Нела тргна по стапките на мајка ѝ и на татко ѝ, таа е исто така актерка. Но, Тања има уште еден си, Александар од првиот брак со актерот Владимир Ендровски, кој е голема семејна гордост.
Тања на роденденот на синот објави негова фотографија на Фејсбук и му го честиташе роденденот на својот сакан син: 33 поет, напиша Тања.
Фото: Фејсбук на Тања Кочовска, Јутјуб принтскрин