Алачки Адријана и Ирена Спасовска повторно заедно

0

Адријана Алачки и Ирена Спасовска беа фолк дуо кое повозрасните генерации го паметат, особено по учеството на многуте фестивали како „Валадново“. Беа впечатливи по облеката во која настапуваа и беа на многу насловни страници во тоа време.

Потоа, станаа трио, им се придружи познатиот хармоникаш Горан Алачки, поранешниот сопруг на Адријана. Потоа тројцата одеа заедно по турнеи по Австралија и насекаде низ светот.

Песните по кои беа познати се „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов. Дваесет и пет години откако веќе не настапуваат заедно, двете дами велат дека го одржуваат пријателството.

Адријана и Ирена пред извесно време се дружеа во еден домашен спа центар и евоцираа спомени од старите времиња, напиша Женски магазин.

„Наспроти мислењето дека не сме во контакт, ние и по повеќе од 20 години ја одржуваме комуникацијата. Бизнисот ни е во различни насоки, но нашето пријателство сѐ уште егзистира“, изјави Алачки за Женски магазин.

Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера. Ирена сега послабо настапува но времето го користи за себе и за здрав живот. Вели дека внимава што јаде и редовно вози велосипед.

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

Секое утро, таа пие свеж лимон со пола литар топла вода, и тоа многу ѝ помага во топење на мастите.

Спасовска се покажа и како добра домаќинка, па за Василица објави слика од василичарското диетално лепче и напиша:

„Идеална диетална храна за детокс на организмот после празниците е лепчетп без брашно од цели изртени зрна.

Од хумусот со различни вкусови го преферирам пикантниот и есенскиот“, рече Ирена. Алачки пак, веќче долги години ја води емисијата „Вкусот на традицијата“.

Таа неодамна со радост сподели една многу убава вест. Тоа е новиот циклус на емисијата „Вкусот на традицијата“, но со поинаков концепт од претходниот.

Со својата голема стратс, готвењето, таа ги „за рази“ и своите колешки од естрадата, па сега Адријана нема веќе да биде сама во кујната, друштво ќе ѝ прават и колешките.

Новата емисија, таа ја снимаше со Вики Среброва и со Ани Малинкова, нашите познати фолк-пејачки, кои се нејзини добри пријателки.

Трите со многу мерак зготвија традиционални специјалитети, а Алачки по тој повод на Фејсбук напиша:

„Пејачите готват, нов серијал на емисијата Вкусот на традицијата, Алфа Тв во Етно Село Тимчевски! Со Вики Среброва и ќофтиња во супа и чорба од домати и јајца“.

Сега, „Вкусот на традиција“ повторно ги спои Ирена и Адријана. Како во старите добри времиња, двете пејачки пак заедно, но овај пат не пред микрофон, туку во кујната. Ирена со фотографии се пофали на Фејсбук.

Здарвиот начин на исхрана таа го промовираше кај Адријана во еисија и зготви вегетаријански оброк, по кој Адријана го рече нејзиното познато мх,мх, мх.

„Вегетаријански специјалитето, лазањи со тиква и полнети и печени компири. Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент во оваа емисија“, напиша Ирена на Фејсбук.

Можеби оваа кулинарска дружба ќе ги натера двете пријателки повторно да запеат заедно, никогаш не се знае.

Фото: Фејсбук на Ирена Спасовска и Адријана Алачки, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаРинтам во Германијава како да не кажам што, а мажулево мое Игорче од Марино почна забава да си тера
Следна статијаТрифун Костовски раскажа за неговиот другар Вања