Фросина: Кратко ќе ви кажам, Венко Филипче ќе го барате за министер за здравство

0

Многумина ја критикуваат неговата работа, но од друга страна, не е мал бројот на оние кои ги истакнуваат неговите доблесни особини, пред сè, човелките. Венко Филипче во овие повеќе од десет месеци, беше на браникот од оваа пандемиска криза.

Ќе останат запаметени неговите секојдневни прес-конференции, на кои ги соопштуваше бројките на нови позитивни, најновите сознанија околу во почетокот непознатиот пандемиски вирус, како и мерките кои ги превземаат здравствените власти за справување со истиот.

Филипче беше најпопуларниот министер во претходниот владин состав, а таквиот тренд продолжи и во актуелниот.

Пред повеќе од две години, Томислав Балабан од Охрид, на социјалните мрежи напиша:

“За министерот Венко Филипче и неговата фамилија. На денешен ден, ланската година министерот Венко Филипче ја напушти минисерската фотеља, го облече белиот мантил и наместо да се спрема за дочекот на Новата година, изврши компликована операција и го спаси животот на мојот син Емил Балабан и му го продолжи животот на моја радост и радоста на целата моја фамилија.

Ова се очекува од фамилијата Филипче, од Венко и другите доктори на фамилијата. На сите Филипчеви и на Венко Филипче им изразувам голема благодарност. Венко, Министре и професоре вечна благодарност и ви пожелувам се најубаво во Новата 2019 година.“

Дејан Димитровски во групата на фејсбук под име „И јас сум Венко Филипче -поддршка“, минатата година на почетокот од месец април, напиша свое искуство:

„За Венко… Пред 7 години сопругата на 31 годишна возраст доби прскање на анеуризма во мозокот(нема да пишувам за голг отата додека не примија на одделение во неврохирургија).

По итните проверки лекарскиот тим одлучува веднаш утредента да ја оперираат поради големо кр ва-рење иако според некои медицински правила требало да поминат 21 ден за да има помалку ризик со см ртни последици.

Вечерта додека чекав во ходниците доагаа сестри и прашуваа дали би сакал да разговараат со некои доктори да ја оперираат иако не им беше смена.

По консултации со мои пријатели на кои им кажав дека др Венко Филипче се паѓа на смена за операција ме уверуваа да се одлучам за него. Тогаш дојдоа најтешките моменти кога анестезиологот ме повика да потпишам документ дека операцијата е со ризик од дури 50% см ртн-ост.

Лично отидов во канцеларијата на др Филипче и во тој ха -ос од емоции го прашував што треба да направам за да ја спаси сопругата.

Пред да влезам кај него дојдоа пријатели кои лично се понудија финансиски да помогнат за да ја спасиме. Кога ме ислуша д-р Филипче изричито ми одговори дека јас не треба ништо да направам… Мое е само да верувам во него и Господ.

Да бидам искрен во тој момент и станот бев спремен да му го препишам. Операцијата траеше 5 ипол часа и за голема среќа заврши успешно. На кратко го видов докторот на излегување од сала и видов дека едвај одеше од замор. Потоа додека сопругата беше во ш ок соба и откако се разбуди цело време бев таму присутен.. За тоа време човеков го гледав нонстоп.

Во разговор со сестрите дознав дека секој пациент што ќе го оперира одел на кратко до дома и веднаш се враќал назад да му ја следи состојбата до будење и излегување од ш ок соба! Познавајќи го нашето здраство не ми беше верно сепак за тоа лично бев сведок. По опоравувањето и по излегувањето од болница јас бев еден од најсреќните луѓе на светот.

Цело време се прашував како да му се одолжам на тој човек за сите работи што ги направи за моето семејство. Разговарав со негови блиски луѓе како со еден мал гест мал поклон да го почастам сите ми рекоа дека ќе бидам одбиен. Сега ќе има и такви што ќе мислат дека ова е можеби реклама.

Сепак за ова постојат многу сведоци и јас лично сум се зарекол додека сум жив дека за таа личност нема да дозволам некој да го негира фактот дека е најпозитивен пример за доктор и човек.. . Одговорноста, чесноста и пожртвуваноста негова нека биде пример за сите во ова општество.“

Новинарот Фуркан Салиу, пред десетина дена на својот профил на социјалните мрежи, ја напиша можеби и најинтересната, хумана анегдота за Венко Филипче:

„Му раскажував на министерот Венко Филипче , колку сум разочаран што од почеток на корона-кризата се обидувам да ги убедам луѓето што порано да отидат на лекар, а денеска баба ми не сака да отиде на клинички…

Зема телефонот, и се јави за да лично ја убеди дека нема лекар што не сака да спаси човечки живот и дека нема од што да се плаши.“

Денес се огласи и Фросина Ременски, партиска другарка на Филипче, која на социјалните мрежи напиша:

„Кратко ќе ви кажам, Венко Филипче ќе го бараат сите за министер за здравство. Човекот исправа туѓи грешки на секој чекор. Тој не може да биде се’ и да ги замени сите, а изгледа само тој е се’ во здравството и има слух за сите проблеми на граѓаните кои не ги дели по ниедна основа.

Секоја чест на сите совесни доктори, хирурзи, директори, сестри …, на кои грижата за пациентите им е нивна примарна работа.

Но, сите оние од “големото добро утро” и кои го уживаат епитетот “единствени” во мали места каде што болниците кубурат со медицински кадар треба сериозно да се замислат што прават и кој е нивниот приоритет.

Венко не може да се клонира и сите да ве потсетува што и како треба да работите. Едноставно не е фер и кон него и кон пациентите.“

Претходна статијаАлександра Пријовиќ откри дали е бремена
Следна статијаРинтам во Германијава како да не кажам што, а мажулево мое Игорче од Марино почна забава да си тера