Елена во провокативен црвен фустан на најголемиот студ, фан од Русија ја замоли: Дај ни малку повеќе…

0

Елена Ристеска приматот на музичка ѕвезда го одржува веќе 18 години. Таа ѝ стана позната на Македонската публика со победата на музичкото шоу – Play- потрага по ѕвезда.

Нејзиниот деби сингл „Она Другото“ станува инстантен хит во Македонија, а како резултат на тоа произлегува нејзиниот деби албум насловен како „Ден и Ноќ“.

Албумот вклучува неколку песни кои исто така стануваат успешни хитови во Македонија и соседните земји.

Ристеска освен како пејач се докажува и како текстописец и пишува за ѕвезди како 4Плеј, Ламбе Алабаковски, Александра Пилева, Маја Саздановска, Роберт Билбилов…

Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето, кои обезбедуаваат пласман на финалната манифестација.

Во мај во 2006 година, Елена го освои 12-то место на Евровизија во Атина. Дванаесеттото место беше најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освои осмото место.

Елена е сега една од нашите најуспешни пејачки, а во последно време добро ѝ оди и новиот бизнис. Елена го лансираше женскиот и машки парфем ERA, и вели дека со труд и посветеност успеала да го пробие на пазарот и да стекне доверба кај купувачите.

Елена е многу поврзана со своето семејство, особено со сестра ѝ Драгица и со внука ѝ Делфина: „Не се сите така поврзани како што сум јас со мојата фамилија.

Да не заборавам мајка ми да ја споменам, бидејќи таа цело време беше тука, помагајќи во било кој сегмент од козментиката“, изјави Елена за „Точка“.

– Желба ми е во музикаата, не само да издадам нова песна, туку да имам и свое студио, каде што ќе имам проби со бендот, каде што ќе можам да вежбам и да пеам, каде што ќе можам да снимам вокал.

И да не стигнам да кажам нешто во ова интервју, пишувам книга од карантинот наваму, така што, ужувајте, сите детали таму ќе ги дознаете.

Таму ќе биде објаснето се за козметиката, но и мои ставови во однос на љубов во однос на пријателство, во однос на ситуации секојдневно со коишто се среќаваме секој ден“, најави Ристеска.

На прашањето кое ѝ го поставија од „Црно бело“, а се однесува на љубовта , Елена која четири години беше во брак со Бојан Ивановски, а се раздели пред пет години, рече:

– Во цели 24 часа имам само неколку часа пред спиење слободно време, најчесто го поминувам со пријателите, во читање, пешачење, серии или со мојата внука и семејството.“, дипломатски одговори Елена.

Иако е таинствена што се однесува до љубовта, Елена знае да испровоцира на Инстаграм. На најголемиот студ, таа објави заводливи фотографии во црвен фустан кој ги воодушеви нејзините фанови.

Елена за фотографиите искористи цитат од познатата актерка Одри Хепберн Постои нијанса на црвена за секоја жена“, напиша Елена под сликите со црвениот фустан.

„Убавица, принцеза, колку си убава, секогаш на ниво, дама..“, се дел од коментарите.

На сликата на Елена коментира дури и фан од Русија кој напишал: Како и секогаш, и денес изгледаш одлично. Но има и еден коментар кој вели: Дај ни малку повеќе кожа“.

Фото: Елена Ристеска- Инстаграм

Претходна статијаСветлана Црнокрак откри зошто сега изгледа поубаво отколку во младоста
Следна статијаСпенџарска не дозволи бродот да ѝ потоне