Турунџиева со внукот во раце: Тој е единствениот маж кој ми го зароби срцето

0

Во последно време е актуелна по својта дружба со атиџе Муратова, но Сузана Турунџиева, познатата пејачка, професорка по музичко, водителка и писателка секогаш има повод да биде интересна и актуелна.

Сузана Турунџиева на својот Инстаграм и фејсбук споделува мудри и инспиративни мисли, кои се и интересни за нејзините следбеници.

Таа минатата година ја промовираше својата нова книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разговор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

Откако Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, таа честона свој начин ја опишува и Атиџе.

Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.

„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана. Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.

„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори… Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…

Секоја година ми носи нов “матерјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:

– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!

– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…

– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.

– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!

– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“.

Сузана претходно беше во брак со пливачот Александар Маленко, таткото на нејзината постара ќерка Лора, а потоа се омажи за Маријан Јовановиќ, познат скопски угостител, кој поч-ина пред повеќе од четири години. Маријан е татко на помалата ќерка Матеа.

Ќерката Лора и зетот Филип, на Сузана ѝ ја донесоа најголемата радост, а тоа е внукот Јаков, кој се роди во март во 2019 година. Сузана за раѓањето на внукот на оригинален начин објави на Фејсбук:

„Седете мирни, ноќеска ми се случи човекот на мојот живот! Радост невиденааа, да ни е здрав и среќен“, напиша Турунџиева.

– За жал не се гледаме многу често, но затоа уживаме во секоја прилика кога ќе ни се даде можност да бидеме заедно. Дистанците и стравот од можни компликации го направија своето, и сите се трудиме да почитуваме мерки за максимално да исклучиме некаков ризик.

Јаков е единствениот маж кој ми го зароби срцето. Тој ме има „купено“ за цел живот. Неговата насмевка, прегратка, особено неговиот мирис, се најголемиот подарок за мене“, изјави во интервју за Женски магазин Сузана.

Таа објави слика со својот сакан внук како го држи во прегратка, и го напиша наједноставно она што го го чувствува: „Љубов“.

Фото: Фејсбук профил на Сузана Турунџиева и на Лора Наунов Турунџиева

Претходна статијаДраган Бјелогрлиќ со сопругата и со Лепа Брена во Мајами: Пред триесет години се бакнуваа на филм, а сега уживаат заедно на плажа
Следна статијаИли ќе се скине сајлата и ќе летнам надоле сосе кола, или ќе се извлечам: Биба Додева доживеала вистинска драма на снегот