Миа Костова во топла прегратка на непозната личност: Да се сакаме, од денес и во иднина

0

Миа Костова е една од најпознатите ТВ водителки кај нас. Таа долги години беше заштитно лице на Тв магазинот емисијата „Бекстејџ“.

Многумина ја сакаат, но не е мал бројот и на оние кои и пишуваат зајадливи коментари. И тоа е нормално, особено кога се работи за јавна личност и особено за личност која нема влакна на јазикот и која излегува од секојдневните клишеа.

Па така, Миа знае многу често да вклучи лајв камера од дома и да направи сатирично видео за многу актуелни случувања.

Таа и нејзината пријателка Тијана Скулиќ, многу често знаат да ги насмеат до солзи фановите, имитирајќи ги „градските“ скопски фаци, кога во жаргон ги прераскажуваат секојдневните „дешавки“.

Во октомври минатата година, Миа објави дека е позивна на вирусот, а подоцна откако излезе од изолација, го сподели своето искуство со следбениците на Инстаграм.

– Ќе си дадам за право можеби дека го лежев. Вирусот постои. Вирусот е опасен за хронично болни и стари. Но! Знаете ли вие која е процедурата кога ќе добиеш позитивен тест?

Па никој нит те гледа нит те слуша нит го занима. Матичен ти збори на телефон и ако некој е подучен да каже дека нема симптоми за да не лежи 20 дена, матичниот верува.

Знаете ли дека не се прима терапија за ков ид ако немате симптоми, е, јас сум да се прима во секој случај. Зошто? Затоа што нели не знаеме како и колку сме спремни во моментот да се браниме.

Од сите заболени во моја околина па дали 2-3 добија терапија затоа што имаат доктори блиски.

Да не навлагам во тоа дека прост народ се мачка со ракија и дреме дома не се ни тестира пошо кој ќе работи 20 дена, дома нема седење!

Е после сето ова се стига на ургентен со сатурација 70 такоречи мр-тви па после се прави па ника па почињаме да бараме и психијатри и со терапијата пиеме и хелекс. Мозок укључете. Не е тешко покрај мерките.“, изјави водителката тогаш.

Миа го помина вирусот и се врати на секојдневните активности, а на денот на вљубените, таа објави интересен статус во кој се извини за своето однесување. На сликата, Миа е во топла прегратка со непозната личност.

– Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае.

Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток а и времето кое го поминувате во смеење не е секој ден.

По сите случувања периодов, имам желба да се извинам за импулсивноста и начинот на кој го правам тоа со надеж дека ќе се променам и со надеж дека многу работи ќе се променат за да немам прилика да си ја тестирам импулсивноста.

Ви благодарам за сѐ !!! Живели и да се сакаме, од денес и во иднина, тоа не значи дека ќе дискутираме за розеви теми туку дека ќе ги зборуваме многу поинаку. Што и да славите, нека е живели“, напиша Миа.

Фото: Инстаграм на Миа Костова, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаИмал нормален живот, но преку ноќ останал на улица: Младиот Алберт проговори низ што поминал
Следна статијаПознатиот пејач смени професија и се фати за лопата (ФОТО)