Емилија Розман важи за една од најубавите Македонки. Мисица, манекенка, топ модел која е навистина згодна и убава.
Таа стана актуелна во медиумите повторо откако во средината на јули му кажа „да“ на своето момче, Стефан Ангеловски, но набрзо стави крај на оваа љубов.
Имено, по свршувачката, таа за домашните медиуми раскажа дека со Стефан се знаеле едвај неполни два дена и тој ја побарал за сопруга.
Но, љубовта на прв поглед не траеше долго. Мисицата Розман после неколку недели од интимната романтичното запросување, „се разведе“ од својот невенчан сопруг.
Некои ќе кажат „Се што е слатко, трае кратко“, но и за оваа таа сподели интересна порака на Инстаграм.
„Парови се гледаат по 10 години, па се венчаат и по една година се разведуваат. Тотални страници спијат заедно уште на првиот состанок и сега прославуваат 15 години од брак.
Некои се мажат по шест месеци и се уште се во среќен брак. Нема формула за ова. Прави го она што те прави среќен“ – посочи Емилија.
Розман на социјалните мрежи често споделува емотивни статуси за својот татко кој за жал повеќе не е помеѓу живите.
Таа беше приврзана многу за својот родител, а тоа го докажува уште еднаш со последната објава на социјалните мрежи каде што Розман сподели заедничка слика и притоа напиша:
-Животот би си го дала да можам уште еднаш да ти се качам на глава. Ама ми го нема веќе светот мој… Празниците се за да не потсетат колку е важно семејството и колку се важни луѓето кои ги сакаме.
Гушнете ги и кажете им колку ви се важни и колку ги сакате, пред да биде доцна. Мене бар за една работа никогаш нема да ми биде жал. Тато знаеше дека е најсаканата личност на светот!
Потрудете се сите кои ги сакате да го знаат и цврсто да се убедени во тоа. Сакајте се, како што јас го сакав, го сакам и ќе го сакам тато, повеќе од себе, до крајот на вечноста