Весна Бејби: Во тоа време немаше местенки

0

Таа е добро познато име и презиме на македонската јавност, актерката Весна Петрушевска која се прослави со прекарот Бејби е една од оние наши јавни личности што секогаш отворено зборуваат на многу теми.

Принтксрин Јутјуб

Петрушевска ја започна својата актерска кариера на 14 години, кога го имала првиот настап во македонскиот театар. На 16 години веќе го имала своето прво ток-шоу на МРТВ кое се викало „Пулсирање“.

Принтксрин Фејсбук

Подоцна го започнала својот најуспешен ТВ-проект, ток-шоуто „Вртелешка“, коe се емитувало неколку години, а потоа следувало и краткотрајното ток-шоу „Вечер со Весна“.Таа исто така глумела во неколку претстави во различни македонски театри, меѓy која е и „Брачна игра“ заедно со Игор Џамбазов.

Принтксрин Фејсбук

Популарната Бејби Петрушевска најмногу јавноста ја познава во улогата на водителка на нејзиното ток-шоу „Вртелешка“, кое во минатото достигна голема популарност и се емитуваше со години на македонските телевизии.

Принтксрин Фејсбук

Петрушевска глумела во голем број македонски театарски претстави меѓy кои се: „Кој се пла­ши од Вир­џи­ни­ја Вулф“, „Ва­ги­нал­ни мо­но­ло­зи“ и нејзината најпозната претстава: „Гос­по­ѓа Ми­ни­стер­ка“, која е изведена над 150 пати. Исто така, играла во филмот Контакт, македонскиот кандидат за најдобар странски-филм на Оскарите во 2007 година.

Принтксрин Фејсбук

Сега Петрушевска, со многу љубов работи со децата од нејзината актерска школа Весна Петрушевска, а дел од нив глумат и во популарната детска серија „Дајте музика“.

Принтксрин Фејсбук

„Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден. Учам од своите деца, учат тие од мене.

Принтксрин Фејсбук

Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс. Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, кажа Бејби во едно интервју.

Принтксрин Фејсбук

Весна летово својот син Кирил го испрати на школување во Америка. Кирил сега живее во Хјустон. Некој брои гласови, некој денови…родителот треба да е лакот, а стрелата вашето дете.

Принтксрин Фејсбук

Па така Бејби сега живее со ќерката Мина, за која е многу врзана. Мина е член на актерската школа на Весна и глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“.

Принтксрин Фејсбук

Бејби е доста емотивна личност и носталгична што го потврди со последната објава на својот профил на фејсбук каде што вели:

-Oваа снимка не сум ја видела од тогаш…Награда на “Вечер” доби Тоше за најдобар пејач. Верувале или не, гласаа читатели со писма (купончиња исечени да си заокружат лик).

Принтксрин Фејсбук

Таа вечер Тоше убедливо победи во својата категорија. Владо Јаневски беше фаворитот. Ама тоа беше време без местенки. Се сеќавам колку писма имаше во редакција за време на подготовките оти го водев настанот.

Принтксрин Фејсбук

Мина ја гледа снимкава и вика: Немало поубав! Грутка деновиве, само ми излегува нешто за него….

Претходна статија(ФОТО) Солзи ќе ви потечат кога ќе видете каков живот има 26-годишниот Иле од Кочани
Следна статијаЕмилија Розман: Сè би дала да можам уште еднаш да ти се качам на глава