Мелита Ракичевиќ својата кариера ја започна како водителка на шоу за домашни миленици. Сите ја запознаа Мелита како девојката која сака да им помага на животните. Многу познати личности гостуваа во нејзината емисија „Пет шоу“ со своите миленици.
Потоа беше домаќинка на ток шоу емисии, и водеше разни манифестации, се до пред неколку години кога комплетно се повлече од Тв сцената и стана тренд-сетерка.
Иако повеќе не е дел од ТВ екраните, нејзината популарност не опаѓа, па фановите често се интересираат за неа, нејзиниот приватен живот, актуелни случувања.
Таа често знае да сподели разни скокотливи фотографии на кои ги истакнува своите облини и атрибути, а следбениците на социјалните мрежи ја опсипуваат со коментари, а доколку објавите се во облик на „Инстаграм стори“, тогаш Мелита добива многу директни пораки.
За Мелита Ракичевиќ се знае речиси се’. Мелита со својот турболентен живот постојано е тема на муабет, од чаршијата и маалските кафе муабети, преку социјалните мрежи, па се до медиумите кои ја следат и третираат естрадата.
Мелита ја има ќерката Барбара, од сега веќе поранешниот брак со познатиот скопски угоститетел Владимир „Соме“ Ракичевиќ. Убава на мама, талентирана за пеење, ама и за училиште
Ќерката на поранешната ТВ водителка Мелита Ракичевиќ, Барбара, која ја почна кариерата како ТВ водителка на забавниот магазин „Бекстејџ“ го промовираше своето деби музичко видео и со тоа го означи стартот на својата музичка кариера.
Шеснесетгодишната Барбара, не само што изгледа убаво, туку навистина и прекрасно пее. Таа претходно споделуваше свои домашни видеа од изведби на разни музички нумери, а сега конечно ја испеа својата прва песна, која е компетно авторско дело на познатата македонска пејачка Андријана Јаневска.
Андријана која воедно ѝ била и ментор по пеење на Барбара, гордо ја објави веста на социјалните мрежи: фалејќи ја – Слушнете како пее мојата ученичка Барбара Ракичевиќ.
Мајката и ќерката по повод празниците се решија да одморат од работните обврски и да поминат повеќе време заедно. Со оглед на тоа што има големи рестрикции за патувања, тие одлучија да уживаат во убавините на нашата држава.
Мама Мелита на својот профил на Инстаграм каде што е многу активна откри дека уживаат во нашиот зимски туристички центар Попова Шапка.
-Најголема среќа ти е кога детето ти е среќно, напиша Мелита.