(ФОТО) Си личат како јајце на јајце – водителката Татјана Стојановска ја покажа мајка си

0

Не само што е најпопуларна ТВ бодителка кај нас, Татјана Стојановска е и најомилена меѓу публиката. Таа во својата професионална кариера, не дозволи, односно не даде повод, ниту еднаш, нејзиното име да се спомене во негативен контекст.

Познатата тв водителка и презентерка Татјана Стојановска, славејќи ги деновиве 25 години од матурата со своите школски другари од “Борис Кидрич”, пред две години, се потсети и на своите први професионални успеси. На едно мошне убаво поминато време кога Татјана беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и “Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година, на многубројни изјави и интервјуа за многубројни тогашни весници, на насловните страници кои беа третирани токму како ексклузива, поради нејзината природна убавина.

Присетувајќи се на својата срамежливост, Татјана тогаш отворено со јавноста сподели што чувствувале во тие моменти од нејзините професионални почетоци во кариерата:

– Ех, што ти е судбина. Тогаш не ни бев свесна….дури и плачев пред мајка ми и татко ми во собата после изборот. Не сакав да сум Мис! Дете! Се исплашив од таа титула. Но, Господ сакал така…”

Сепак, некоја година потоа животот по желбата на Господ ја однесе Татјана по своите патеки. Таа се вљуби и се омажи за пејачот Благоја Грујовски, роди син, но неколку години потоа тивко се разведе без медиумски спектакли. Денес и понатаму е успешна жена, има професија што ја сака (презентер во ТВ канал 5), а има и нова љубов што е и логично по неуспешниот брак заслужено да и се случи.

Мајката е најдобриот пријател на секое дете, најголемата поддршка и личност која секогаш е тука да ни помогне во добро и лошо. Таа е една од најважните личности во нашиот живот, а и жена која има најголема обврска.

Татјана Стојановска деновиве имаше убав повод за славење. Имено, мајката на Татјана го прослави својот 66 роденден.

По тој повод, Стојановска на својот „Инстаграм“ објави фотографија со својата мајка која во рацете држи торта на која има свеќички со бројот 66. Во описот напиша: „Среќен роденден мамо“.

Нема сомнеж дека Татјана својата убавина ја наследила од нејзината мајка која за своите 66 години изгледа прекрасно, витално и е вистинска дама со стил. Освен тоа Татјана и нејзината мајка премногу си личат.

Не за џабе рекле дека „крушата под круша паѓа“ , а водителката очигледно е копија на мама.

Претходна статијаМицкоски не се откажува од формирање влада: Следните денови ВМРО ќе се обиде да создаде мнозинство
Следна статијаСе гради грандиозна православна црква во срцето на Менхетен во Њујорк (ВИДЕО)