Корисниците на кабелска во Македонија во недела ќе гледаат само МТВ

0

Како што објави Фактор, кабелските оператори испратиле допис дека се принудени да почнат со времени прекини во реемитувањето до техничкиот премиер Оливер Спасовски, до министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, до шефот на државата Стево Пендаровски, до спикерот Талат Џафери, до директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, до директорот на АЕК Сашо Димитријоски, како и до странските амбасади Кејт Мари Брнз, Самуел Жбогар, Томас Герберих и Георг Вуцас .

Принудени сме да започнеме со времени прекини во реемитувањето на телевизиските програми во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски.

За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за ова, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба, стои во писмото на опараторите.

Во дописот, кабелските оператори посочуваат дека невозможно е да се спроведе обврската што им се наложува да ги пререгистрираат сите странски канали во период од 60 дена, што, според нив, важи ретроактивно и за веќе регистрирани канали.

Со ваква обврска, истакнуваат тие, се отвара можноста за кривично гонење на управителите на радиодифузерите и операторите.

Предлагаме измена на Упатството за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава со додавање на соодветна процедура што ќе ја официјализира постапката на затемнување на секоја содржина реемитувана од странски радиодифузер за која национален радиодифузер ќе не извести дека поседува ексклузивни и/или приоритетни права за реемитување на територијата на земјава, се нагласува во писмото.

Во дописот уште се наведува дека операторите очекуваат дека Владата да го земе предвид овој предлог и ќе ја изменат владината уредба во делот на нова регистрација на странските канали, бидејќи во спротивно после истекот на 60 дена операторите ќе немаат можност да вршат реемитување на странски канали, а со тоа нема да има економска логика да се реемитуваат и домашните радиодифузери.

Кабелските оператори на 21 јуни ќе ги исклучат сите програми освен МТВ, во знак на протест поради неуспехот да се реши спорот со националните телевизии, настанат по најновите законски измени со кои од провајдерите меѓу другото се бара пререгистрација на сите канали.

Претходна статијаПознатата наша пејачка емотивно се отвори: Свесна сум и дека се соочувам со огромни животни препреки
Следна статијаОва може да биде голем проблем – антителата кај оздравените многу брзо исчезнуваат