Познатата наша пејачка емотивно се отвори: Свесна сум и дека се соочувам со огромни животни препреки

0

Марија Ивановска, вокалистката на бендот „Ај Кју“ си ја отвори душата на социјалните мрежи и откри детали за нејзниот живот.

Познатото македонско име кое и ја претставуваше нашата држава на Евровизија се огласи на својот Инстаграм профил каде што напиша:

-Живеам сама од мои 18 години. Носам големи и значајни одлуки веќе неколку години со никаква поддршка од моите најблиски.

Наидувам на обесхрабрување а и понекогаш разочарување поради патот по кој чекорам и мојот личен избор на партнер, професија, околина…

Свесна сум дека голем дел од работите што ги правам не се вообичаени за мојата возраст па и за ова подрачје. Свесна сум и дека се соочувам со огромни животни препреки, битки, расипување на односи со блиски, неверување, осудување, вели Марија.

Она што таа го добива за возврат е слободата, осамостојувањето, храброста, силата, радоста, издржливиот карактер и оспособувањето за надминување на секоја наредна ситуација што животот ја носи. А со ова мора да се носат и сите млади.

-Сакам да ги инспирирам и охрабрам сите оние кои започнуваат ново поглавје во нивниот живот, сите оние кои се соочуваат со животни дилеми знаејќи дека ако тргнат по својот пат мораат да се борат и да поминат по трнливиот пат, ги уверувам и им ветувам дека упорноста и истрајноста ќе се исплати и ќе станат посилни од било кога.

Ќе се чувствуваат исполнети, свои на своето и горди дека направиле нешто значајно за себе, ќе шират и привлекуваат убава енергија и ќе си ја добијат нивната слобода и правото на избор.

Затоа им велат- Осмели се и охрабри се да тргнеш по својот пат! Ја имате мојата поддршка, доде Марија.

Претходна статијаЕдноставно и брзо – со само еден клик веднаш може да проверете дали ве следува државна помош
Следна статијаКорисниците на кабелска во Македонија во недела ќе гледаат само МТВ