Само еден континент се спаси од Корона вирусот – познато како и успеа тоа

0

Целиот свет се бори со ширење на коронавирусот, но Антарктикот остана единствен континент поштеден од оваа зараза. За тоа придонесе географската изолираност и брзите одлуки на надлежните.

Властите целосно го откажаа туризмот, го евакуираа персоналот кој не е потребен и ги забрани контактите помеѓу членовите на меѓународните бази. На Антарктикот свои бази имаат 29 земји.

Чиле го намали својот персонал на Антарктикот на минимум односно на 10 лица во воената база Ескудеро во Јужните Шетландски Острови.

Во близина се и една од петте руски бази, како и мисиите на Уругвај, Кореја и Кина. Острата клима на Антарктикот отсекогаш барала тесна соработка на разни меѓународни мисии.

Тие често заедно го растоваруваат товарот, спортуваат заедно, а ги слават и националните празници и родендени. Но, стравот од новиот коронавирус го прекина целосно физички контакт меѓу членовите на базите.

“Изолирани сме среде природна изолација која постои од претходно“, вели управителот на чилеанско антарктичката територија, Алехандро Валензуела.

Воспоставени се строги здравствени протоколи, а посетите се ограничени само за нужни материјали.

Антарктикот, исто така, имаше среќа што кризата се совпадна со крајот на туристичката сезона кога континентот го посетуваат годишно околу 50.000 луѓе кои доаѓаат со бродови за крстарење за да гледаат пингвини и да уживаат во недопрената природа.

“Ако некој се разболе од Ковид-19, тоа ќе биде катастрофално за нас. Затоа преземаме превентивни мерки. Се чувствуваме како да сме изолирани во изолација. Превенцијата е многу подобра од лек“, вели Прадеп Томар, лекар на истражувачка мисија во индиска база Бхарати.

Претходна статијаДоктор Сашо со неповолна вест за еден од пациентите што прими орган од Емилија
Следна статијаКорона вируост го зеде и првиот живот на здравствен работник во Македонија