Наташа Јакимовска е жената која е бесркајно благодарна на Емилија Динева: Се надева дека наскоро ќе почне да живее како пред да стане пациентка

0

Министерот Венко Филипче информираше дека двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба.

Од Клиниката за урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези, соопшти Министерството за здравство.

Трансплантирани се жена на возраст од 45 години од Скопје и маж на возраст од 40 години од Куманово, кои имаа хронична бубрежна слабост и со години беа на дијализа.

На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија, стои во соопштението од Министерството за здравство.

По десет години неколкучасовна дијалзиа , три пати неделно прииклучена на апарти – конечно доби шанса за нов живот каде што долгите и мачни дијализи ќе станат минато, пренесува Телма ТВ.

И беше трансплатиран бубрег. За убавата вест слушнала во петокот, додека седела на гости кај својата ќерка си и внуката. Не чекала ни момент да тргне и да и биде направена операцијата која ќе чека од 2012. Па така Наташа Јакимовска , која доби задоцнет поклон за роденден.

По направените испитувања, во саботата добила и негативен резултат од за ковид 19 . Бубрегот од трагично заг инатата Емилија Динева веднаш и бил транспалтиран.

Таа во моментов се чусвтствува добро и се надева дека наскоро ќе почне да живее како пред да стане пациентка во центарот за дијлиза во железара и ќе може почесто да се радува на растењето на својата едногодишна внука.

На листата на приоритетни пациенти за пресадување на бубред била со уште 3ца пациенти од земјава. Сепак само таа и пациент од Куманово ги исполнувале сите параметри. Јакимовска испрати апел граѓаните, сите кои што можат да донираат орган , бидејќи со тоа спасуваат живот, а дел од нивите блисики и роднини уште долго ќе живее.

Претходна статијаВанковска: Го живееме „шведскиот модел“, ама без шведската култура
Следна статија(ВИДЕО) Тони од светиниколско емотивно: Со овој стап 25 години ранам фамилија