Легендарниот фолкер Мирослав Илиќ распалил по колегите кои се „загрижиле“ за својата егзистенција, па бараат помош и од државата. Рекол дека сака да им ги види даночните пријави за да му стане појасно зошто се бунат.
Не би сакал многу да зборувам за ова, факт е дека сите трпиме, но на оние што најмногу се бунат би сакал да им ги видам даночните пријави“, рекол Мирослав и додал дека ова принудно мирување на некој начин му годело.
Цело време бил во својот дом во Белград, читал книги, гледал серии… Како што рекол, го правел сето она што го правеле и другите луѓе.
Пејачката Нада Топчагиќ заедно со сопругот во моментов одмара на село во својата викендица, а во разговор за „Блиц“ откри дека не се срами од својата работа, а за нешто да оствариш треба и да се потрудиш.
Родена сум во Босна, а се постигнав во Србија. Се борам цел мој живот, од еден динар правев десет. Секој треба да се испоти, никогаш не сум бегала од работа. Се снаоѓав, се навикнав да не барам од никој ништо, откри Нада, па додаде дека се задолжила за да плати данок.
Мораат да се засукаат ракавите за да се има. Не ми е јасно кога ќе слушнам дека некои пејачки пеат за 50.000 евра, еј… Па како е можно тоа, кој им дава толку пари за еден настап, јас за такви цифри можев само да сонувам.
Добивав многу пофалби за мојот глас, но плукав крв за да го имам она што го имам денес. Се задолжив за да платам данок од 100.000 евра, призна пејачката.
Неодман, Нада во интервју за српски „Ало!“ признава дека не е во сјајна финансиска состојба и дека целото нејзино семејство и е „на грб“.
– Едвај. Честопати велам дека сме сиромашни. Немаме ништо. Нема кули, градови. Никој не прави ништо во мојата куќа. Јас ги издржувам сите. И син и снаа. Само јас. Тешко е .. – рече Нада, иако има куќа на Тара и стан во Белград.