Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба.
-Утре треба да се одржи состанок на Советот за безбедност. Ние ќе побараме продолжување на вонредната состојба од повеќе причини за да имаме механизми во однос на имплемантацијата на вакви препораки и во периодот кој што следи, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Тој не прецизираше дали ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба за нови 30 денови или помалку.
-Потребно ни е да се продолжи вонредната состојба затоа што дел од мерките важат само за време на вонредна состојба. Многу е битно тие да важат и натаму. Многу е битно да имаме инструменти во рацете да работиме со овие механизми, во однос на рестрикција на движење, уредбите кои важат и така натаму. Потребни ни се инструменти со кои препораките на Комисијата за заразни болести ќе можат да се имплементираат преку Владата, рече Филипче.
Вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски на 16 април истекува во сабота.
Доколку биде донесена одлука да продолжи вонредната состојба и Владата достави предлог, Советот за безбедност треба да одржи нова седница в петок и претседателот да донесе одлука за нејзино продолжување.
Со своја реакција по повод денашната прес-конференција на Министерот за здравство, Венко Филипче се јави и актерот Сашо Тасевски:
И така, партиските му другари го натераа Филипче да си плукне на рејтингот.
А колку ќе беше фраер ако им кажеше: Ај фак офф, не ги држев дома два месеци за сега да ги пуштам на гласање додека уште ум ираат од корона!
Па згора на тоа ако им дадеше оставка, Лиде Лиде до крај на живот ќе му го плаќаше кафето.
Но така е во политиката, не смееш да бидеш за глава повисок од лидерите. Одма ти ја кратат. Филипче им ја понуди на тацна. Без отпор. Филипче, прими сочувство.