Ванковска: Ова е таква манипулација што немам зборови – ова е ненормално време за избори по повеќе основи

0

Професорката Билјана Ванковска се огласи со реакција по денешната прес конференција на Министерот за Здравство, Венко Филипче:

Сега ја слушав прес-конференцијата на Филипче. И целава работа ми звучи уште поконфузно и пошизофрено од претходно! Ќе бара продолжување на вонредна состојба, а предлага мерки/протоколи како да се одржуваат изборите.

Комисијата која е негово советодавно тело, дава само препораки, одлуки носи владата, ама излегува дека токму едно советодавно тело детерминира и време и начин на одржување на изборниот процес.

Од една страна тврдења дека пандемијата е ставена под контрола (патем не ја чув статистиката за денес), а од друга избори во ненормални услови и под пресија на страв. Вонредната состојба како уставно-правен механизам неслучајно предвидува продолжување на мандатот на избраните функционери, затоа во во таква состојба политиката е избркана од јавноста во која доминираат други, вонредни, невообичаени, често и репресивни мерки.

Иако одговорот ќе го знаеме утре, се чини дека калкулирањето со вонредната состојба ќе биде не врз основа на здравствените услови, туку со математиката за денот на изборите. Ова е таква манипулација што немам зборови…

Наместо да се договорат како луѓе дека изборите ќе се одржат во средината или крајот на септември, до кога нештата ќе се нормалчизираат, па и нам ќе ни попушти паранојата и ќе ни се врати здравиот интерес за политиката, тие форсираат за ПУСТА ВЛАСТ избори по секоја цена.

И повторно, овде одлучуваат на „лидерска средба“ само претставници на т.н. големи партии. Ова е ненормално време за избори по повеќе основи, и што е најстрашно, дури и да се одржат (веројатно со никаков легитимитет поради слабата излезност, а легалноста е исто така под сомнеж), новата власт може да продолжи да владее со прогласување вонредна состојба – зошто на пандемијава крај не ѝ се гледа.

Ова ви е како онаа војна против тероризмот која нема/ше крај. Само што во тој случај вонредна состојба нема да прогласува претседателот туку (послушното) Собрание.

Врвни светски експерти предупредуваат дека вакцината не само што не е лек, туку и ќе биде потребно најмалку 1-1.5 година за да се направи, а дури потоа произведува, а некои дури и рекоа: ајде да не се лажеме, досега не успеавме да најдеме вакцини ни за САРС, МЕРС, итн., а сега зборуваме за вакцина за КОВИД-19.

Драги мои, добредојдовте во ерата на КОВИД-1984!

Претходна статијаНеповолни вести за патувањата со авион: Очигледно дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше
Следна статијаШилегов: За ДПМНЕ многу имам кажано и ќе кажувам – и тоа ги боли