(ВИДЕО) Каракачанов: За 10 или 20 години ќе зборуваме како да ги заштитиме правата на Македонците во Албанската провинција-Македонија

0

Пред извесен период Красимир Каракачанов, Бугарскиот министер за одбрана и Вице премиер,ја разбранува јавноста со својата објави дека дедото на Никола Груевски, Михаил Мијалков од Штип, и дедото на Радмила Шекеринска, Александар Шекеринов биле почитувани Бугари од Штип.

„Ќе спомнам само дека меѓу основачите на бугарскиот Акционен комитет во Штип е познатиот бугарски патриот Михаил Мијалков, за кого што верувам дека Груевски и неговиот братучед го познаваат добро, бидејќи тој е нивниот сопствен дедо.

Во суштина не само што Мијалков се самоопределувал како Бугарнин, туку согласно Уставот на Акциониот комитет, работел за „развој на здрав бугарски национализам“, „обединување на сите Бугари во една голема Бугарија“ и „за борба против непријателските елементи на бугарштината.“

Интересно е да се забележи дека дедото на Груевски помогнал неговата сограѓанка Ратка Шекеринова да добие бугарска државна пензија „за заслуга кон бугарштината“ како сопруга на убиенот од Србите неколку години порано „виден бугарскии деец“ Александар Шекеринов.

Тоа се разбира се бабата и дедото на мојата почитувана колешка Радмила Шекеринска, министерка за одбрана на Република Северна Македонија. Дедото на Груевски и бабата на Шекеринска тогаш биле најдостојните Бугари во Штип. Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.

Во својот пост Каракачанов тврди дека Груевски не го бидува за историски анализи како што не го бидува и за политика, бидејќи сите виделе како неговата кариера завршила во еден гепек. Според Каракачанов, неславно завршил и обидот на Груевски да го украде името на ВМРО, фалсификувајќи ги идеалите и историјата на Организацијата.

Каракачанов овојпат повторно се огласи, сега за локалната телевизија од Штип, ТВ Стар каде даде интервју.

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, во интервју за „Тв стар“ го пофали лидерот на СДСМ Зоран Заев дека бил контруктивен и прифаќал она што Бугарија ќе го побара од него. Тој отворено рече дека ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ Бугарија нема да дозволи почеток на преговорите со Македонија.

Преговори ќе нема, а за 20 или десет години ќе зборуваме како да ги заштитиме правата на Македонците во Албанската провинција-Македонија-рече Каракачанов.

Претходна статијаЈоци: Единствен излез се избори, без да се дава екстра време и простор на залутани ликови во политика
Следна статијаВозењето во градските автбуси повеќе нема да биде исто: Ќе ви биде чундо, но ќе мора да се навикнуваме