Возењето во градските автбуси повеќе нема да биде исто: Ќе ви биде чундо, но ќе мора да се навикнуваме

0

ЈСП се подготвува да воведе нови стандарди. Од ЈСП за весникот ВЕЧЕР изјавија дека веќе се разгледуваат неколку идеи и искуства кои се применуваат во земјите во регионот и пошироко, а би биле приближно соодветни и применливи на условите и околностите со кои располагаат во ЈСП – Скопје.

Во Франција, како што објавија тамошните медиуми, во автобусите од јавниот превоз, на едно од двете седишта е поставена препрека со известување дека не смее да се седи. Исто така, забранети за седење се и седиштата пред и зад тоа на кое може да се седи.

Што значи, дека дозволено е само цик-цак седење во автобус. – Допрва ќе се утврди дали тие ќе бидат во форма на обележување со боја, поставување/лепење соодветни ленти, некој тип физички препреки и слично, велат од ЈСП

ЈСП Скопје разработува план на кој начин ќе се реализира одвивањето на јавниот превоз во однос на одржување потребната оддалеченост, односно, пред сè, начин на регулација на патници во возилата.

Во Франција, како што објавија тамошните медиуми, во автобусите од јавниот превоз, на едно од двете седишта е поставена препрека со известување дека не смее да се седи. Исто така, забранети за седење се и седиштата пред и зад тоа на кое може да се седи. Што значи, дека дозволено е само цик-цак седење во автобус.

Од ЈСП за весникот ВЕЧЕР изјавија дека веќе се разгледуваат неколку идеи и искуства кои се применуваат во земјите во регионот и пошироко, а би биле приближно соодветни и применливи на условите и околностите со кои располагаат во ЈСП – Скопје.

– Допрва ќе се утврди дали тие ќе бидат во форма на обележување со боја, поставување/лепење соодветни ленти, некој тип физички препреки и слично – велат од ЈСП.

Оттаму потенцираат дека некој од овие начини извесно е дека ќе треба да бидат применливи кога ќе настапи значително олабавување на рестриктивните мерки за движење на граѓаните, кои веројатно ќе условат и враќање на вообичаениот режим на функционирање на јавниот превоз.

– ЈСП сè уште нема официјална најава кога ќе се случи тоа, во случајов одлучуваат институциите кои се директно надлежни за справување со ковид-19 во државава – нагласуваат од ЈСП.

Целата сторија проследете ја на Вечер пресс.

Претходна статија(ВИДЕО) Каракачанов: За 10 или 20 години ќе зборуваме како да ги заштитиме правата на Македонците во Албанската провинција-Македонија
Следна статијаАнестезиологот Радмила: Не сме само обучени да го „стави пациентот да спие“