Денис има нешто да ви каже на сите што планирате да одите на протест: Застанете пред огледало, чукнете се по тоа празното на вратот што ви стои одозгора

0

Статус на Денис Јанкуловски, вработен во Центарот за јавно здравје кој секојдневно тестира луѓе потенцијално заболени со Корона:

Ова подолу напишаново е искуство. Освен за оние што ќе протестираат. За нив веројатно е тресење зелени.

Утро, негде околу 8 саат.Почнуваш со процедурата: ставаш маска, ракавици 3 пара, скафандер. Проверуваш стопати дали си како што треба облечен. Проверуваш уште стопати дали имаш се што ти треба.

Влегуваш во кола и одиш на дестинација. Кој стан? 24. Спрат? Петти. Лифт имате? Не. Јбг Пиги

Доаѓаш пред зграда, внимателно излегуваш од кола, се доопремуваш со визир /заштитни наочари, проверуваш 45 пати дали е се како што треба за твоја заштита. За заштита и на твоите дома. Ок.

Одиш пешки на петти спрат, колената ти се крш, ама тие сега не се ни под точка разно. Стигаш пред вратата со замаглен визир, ти треба некоја минута да земеш воздух. Ок, може.

Ѕвониш. Отвара девојка на 30-тина години, гледаш дека не е баш океј.

Како сте? Лошо, се ме боли, имам 2-3 дена температура, цела снага ми е лом, секое ковче ме боли. Добро што дојдовте, да видиме дали е вирусов па да знаеме што понатаму. Можеби и на Инфективна ќе треба да одам.

(ја гледам девојкава, измачена, тешко се движи, ликот и е уморен, со насолзени очи ама се труди и максимално соработува)

Ајде, викаме со колегата, ќе помине се, па и да треба да одиш на клиника, секогаш е подобро за се кога си на лице место а таму персоналот е одличен, ама дај боже да не е коронава.

Се враќаме во колата со максимална концентрација за протоколот, секој чекор е и тоа како битен да не биде ништо згрешено. Во мислите ни е девојката.

Не знам што бидна со неа, цело време држам палци, се надевам дека е во најдобар ред и дека ќе го чита ова. Искрено посакувам да видам некој нов непознат like, а ќе знам ако е таа

Одете протестирајте затоа што коронава е лага, ова горе напишаново што го доживеавме со колегата е измислено, фантазија, ние можеби и не постоиме а вие сте всушност совесните.

Ама пред да одите застанете пред огледало, чукнете се по тоа празното на вратот што ви стои одозгора и прашајте се едно прашање:

Што правам бе јас?!?!?

Претходна статијаГолем број Македонци кои останале без работа во Италија сакаат да се вратат дома, молат за помош
Следна статијаМакедонците кои одат на работа во Германија се интересираат дали ќе продолжат да важат и понатаму истите услови